Македонија
Од опозицијата на седницата единствено присуствуваа пратениците од ЛДП.
Прекината собраниската седница на која требаше да се дебатира за состојбата во медиумите и настаните поврзани со случајот „Перо Наков“ и „А1“ телевизија“. Причината, како што беше и очекувано, е непојавувањето на дел од опозицијата во парламентот
Претседателот Трајко Вељаноски свика координација со координаторите на пратеничките групи и ги повика пратениците од опозицијата кои се присутни да бидат дел од неа.Меѓу другото Вељаноски реагираше и на одговорите што ги доби вчера откако беше упатен неговиот апел опозицијата да се врати во Собранието.„Отворено и со аргументи требаше да дебатираме таму каде што е местото: Меѓутоа на моите повици наместо одговор, добив груби и лични навреди. Зборови што ја навредија и институцијата Претседател на Собранието. Како христијанин ќе поминам преку тие навреди“, истакна Вељаноски.Од СДСМ вчера порачаа дека немаат намера да учествуваат на собраниските седници бидејќи сметаат дека тие претставуваат ефтин обид за глумење демократија и замачкување на суровата реалност.Продолжение на седницата спикерот Вељаноски закажа за 13.30 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на преминот Буково-(Ресен-Охрид) се одвива во една коловозна лента, наизменично
Во 17.35 сообраќајот на преминот Буково-(Ресен-Охрид) се одвива во една коловозна лента наизменично, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрани за движење на товарни возила на неколку патни правци
Воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
· Дебар – Маврово
· Охрид – Кичево (Пресека)
· Кичево – Гостивар (Стража)
· Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
· Битола – Ресен (Ѓавато)
Во прекин е сообраќајот Охрид-Ресен, поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на патот Прилеп – Македонски Брод
На патниот правец Прилеп – Македонски Брод се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Од АМСМ информираа дека за сите останати возила е задолжителна употребата на зимска оперема.