Македонија
НД: Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак ги навредува Албанците
Опозоциската Нова Деморкатија од скопското Кале обвини дека со решението на Владата таму да гради црква, директно се атакува врз меѓуверските однос во земјата барајќи да се урне одна што е досега изградено
„Имавме право кога рековме дека навредливата енциклопедија за Aлбанците и за муслиманите на оваа држава принципиелно се применува од актуелната власт ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Откако реагираа сите Албанци и меѓународниот фактор кон оваа квази-енциклопедија, тие излегоа и кажаа дека истата ќе се повлече и дека ќе се напише нова енциклопедија без историски измислиц“, рекоа од Нова Деморкатија (Демокрациа е Ре) на Имер Селмани.Тие забележаа дека спорната енциклопедија не била повлечена и дека и натмау се подавала во книжарниците со што „продолжува да го храни антиалбанскиот национализам во оваа држава“.„Како да не беше доволна оваа провокација за меѓуетничките односи, Владата реши да гради црква тука на Скопското Кале, напаѓајќи ги директно и меѓуверските односи. Што е најлошо, сето ова се прави далеку од очите на јавноста и на подмолен начин, провоцирајќи ги муслиманите во Скопје и во целата земја. И за црквата излезе некој и рече дека се прекинуваат работатите, бидејќи политичките партии создале нејаснотии за истата“, рекоа од Нова Демократија.Обвинувајќи ја албанската владејачка партија ДУИ за манипулација со албанските гласачи, од Нова Демократија рекоа дека „не е доволно само да се прекине работата на оваа црква. Напротив, тие кои преку ноќ ја „засадија“ треба да се вратат на ова место и овој објект да го искоренат од темел“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

