Македонија
WikiLeaks: Лондон и Вашингтон работеле на решавање на спорот за името
Британската влада беше и ќе продолжи да се ангажира со високи грчки политички функционери, за да ја охрабри Атина да биде пофлексибилна во нејзината позиција кон прашањето на името на Македонија, открива WikiLeaks.Како што објавува фамозниот интернет ресурс специјализиран за објавување тајни преписки на американскиот Стејт департмент и американските дипломати од светот, постои доверлива телеграма што американската амбасада ја испратила на 18-ти април 2008 г, од Лондон, што ја објавува денеска „Daily Telegraph“, чие електронско издание објавува десетици тајни дипломатски депеши. Записот на американската амбасада во Лондон се заснова на разговорот што тогашниот функционер на британското Министерство за надворешни работи, Адам Бај кој беше задолжен за Балканот, го водел со поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани во Атина. Притоа нотирано е „дека има мало придвижување на грчката позиција во однос на дотогашното постојано објаснување дека Скопје одбива да биде флексибилно, а дека Грција работи ангажирано во рамки на процесот во Обединетите нации“.Исто така, во депешата е ставен акцент дека Дора Бакојани на средбата со Бај во тој период забележала дека „е малку веројатно дека што и да е може да се покрене до 1 јуни 2008 г.“, односно кога во Македонија се одржуваа предвремените парламентарните избори. Блај кој е цитиран во тајната американска депеша изјавил дека владата во Лондон е ангажирана заедно со администрацијата на САД „за излез од грчко-македонскиот ќорсокак“, како и за влез на Македонија во НАТО, за стабилизација на целиот регион и на подолг рок за приклучување кон Европската унија. Во разговорот меѓу американскиот дипломат, неговиот британски колега потврдил дека Лондон ќе продолжи да ги поддржува американските напори за отстранување на грчката блокада кон Македонија и за нејзин влез во НАТО, како и дека Велика Британија ќе лобира меѓу другите земји членки во ЕУ да влијаат врз Атина. „Британската страна го дели расположението на Американците ова прашање да се разреши во следните неколку недели, но поверојатно е дека ќе биде потребно повеќе поттикнување и на двете страни до македонските избори на 1 јуни“, рекол во април 2008 г. Адам Бај кој потврдил дека бил вршен притисок врз власта и опозицијата во Македонија да не го покренуваат прашањето за името во текот на предизборната кампања, за да не се поттикнува национализмот кај гласачите. /крај/дт/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии
На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување огласи за раководни позиции во партијата, информира премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, преку објава на Фејсбук.
Извршниот комитет одлучил да распише огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата биле избрани и нови претседатели на повеќе партиски комисии. За претседател на Комисијата за здравство е избран Сашо Клековски, на Кадровата комисија Благоја Ташаминов, на Комисијата за безбедност и одбрана Панче Тошковски, додека за претседател на Комисијата за туризам е избран Аккан Махмут.
За претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е избран Златко Перински.
„Промени. Го слушаме гласот на членството. Вистинскиот избор за заедничка иднина!“, напиша Мицкоски во објавата.

