Македонија
Ристовски: Во овој момент не се размислува за покачување на социјалната помош

Министерството за труд и социјална политика засега не размислува да ја зголеми социјалната помош, по поскапувањата на прехранбените производи, соопшти заменик-министерот за МТСП, Спиро Ристовски
„ За да се донесе една таква крупна одлука, потребни се анализи, а тие анализи треба да произлезат како резултат на извесни состојби. Во овој момент ситуацијата е под контрола и можеме да ја менаџираме со овие буџетски средства изјави Ристовски.Околу исплатата на средствата за воените инвалиди и за семејствата на загинатите бранители, како и социјалната помош, Ристовски вели дека средствата биле трансферирани и дека денеска попладне или утре треба да бидат на сметката на корисниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со температура до 20 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.
Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје сончево и топло. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
Продолжува периодот на стабилно време. До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има намалување на температурата за 6 до 8 степени.
Од сабота попладне ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста. Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините, јави УХМР.
Македонија
Градоначалникот на Центар позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на скопски Центар, Саша Богдановиќ, е позитивен на Ковид-19, а веста ја соопшти на социјалните мрежи.
Почитувани сограѓани,
И покрај заштита за целото време на пандемијата на КОВИД-19, резултатот од тестот кој го…
Posted by Саша Богдановиќ on Среда, 24 февруари 2021
„И покрај заштита за целото време на пандемијата, резултатот од тестот што го направив утринава откога почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите.
Вирусот е опасен и непредвидлив. Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата“, напиша Богдановиќ на „Фејсбук“.
Македонија
Захариева: Се прават напори да ги испорачаме ветените вакцини за Северна Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на враќање од посетата на Париз, денеска, во Софија, оствари средба со својата бугарска колешка Екатерина Захариева.
Како што информираат од Министерството, на средбата биле разгледани актуелностите поврзани со корона-кризата и начините на кои двете земји остваруваат соработка во справувањето со овие предизивици.
„Во оваа пригода Захариева потврди дека се прават напори за изнаоѓање начин за испорака на ветените вакцини за Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението за средбата.
Во него се додава и дека на состанокот станало збор за акцискиот план за меѓусебна соработка, можноста за неговата финализација, а во функција на евентуално договарање втора меѓувладина конференција меѓу двете влади, чии копретседавачи се токму министрите Османи и Захариева.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер