Македонија
Ново обвинение за Кољо Американецот
Девет лица, меѓу кои и Кољо Николовски познат по прекарот Американец вчера беа обвинети од страна на федералната главна порота во Кливленд под обвинение за измама поврзана со пропаѓањето на Хрватската кредитна унија „Св. Павле“ минатиот април, пренесуваат американските медиуми.
Девет лица, меѓу кои и Кољо Николовски познат по прекарот Американец вчера беа обвинети од страна на федералната главна порота во Кливленд под обвинение за измама поврзана со пропаѓањето на Хрватската кредитна унија „Св. Павле“ минатиот април, пренесуваат американските медиуми.
Федералните власти го посочуваат ова како едно од најголемите пропаѓања на кредитни унии во американската историја, што го чинел Националниот осигурителен фонд околу 170 милиони долари.
Меѓу обвинетите се Ентони Рагуз од градот Ментор во Охајо и Кољо Николовски 48, кој има дом во Истлејк и во Скопје, МакедонијаНиколовски првично во јануари беше обвинет за банкарска измама и перење пари и оттогаш се наоѓа во затвор. Со ова се проширува обвинението кое вклучува и поткуп на банка.
Во периодот од 2003 и 2009 година, Николовски заедно со Рагуз со измама се стекнале со заеми во вкупна вредност од 5.6 милиони долари кои не ги вратиле, стои во обвинението.
Разгуз издал повеќе од 1.000 лажни заеми во вкупна вредност од 70 милиони долари, на вкупно 300 иматели на сметки во кредитната унија во периодот од 2000 до 2010. Тој е обвинет за банкарска измама, перење на пари и подмитување.
Меѓу другите обвинети е и поранешната жена на Николовски, Роус Ен Николовски од Истлејк.Кредитна унија „Св. Павле“ со имот од 239 милиони долари има две филијали,една во Истлејк и една во Кливленд.
Во април Националниот осигурителен фонд, агенција на федералната влада поради брзо влошување на финансиската ситуација во кредитната унија за време на првиот квартал од 2010 година ја презел 67 години старата институција. На крајот на април федералната влада ја ликвидира институцијата./крај/фф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

