Македонија
Масовна тепачка во Аеродром
Масовна тепачка се случила ноќеска на булеварот Кузман Јосифовски-Питу во скопската населба Аеродром, при што неколку лица се здобиле со модринки, расекотини, а еден од нив настрадал и во сообраќајна несреќа.
Масовна тепачка се случила ноќеска на булеварот Кузман Јосифовски-Питу во скопската населба Аеродром, при што неколку лица се здобиле со модринки, расекотини, а еден од нив настрадал и во сообраќајна несреќа.Во тепачката учествувале пет помлади лица од една страна и седум до осум непознати лица од друга страна, кои меѓусебе си размениле боксови и клоци.Во еден момент, еден од учесниците во тепачката истрчал на булеварот, при што на него налетало возило „форд мондео“ и го удрило, но возачот го напуштил местото на настанот.Повредениот бил префрлен во болница, каде најпрво му биле санирани повредите од тепачката, а потоа ќе се утврдува дали има повреди од сообраќајката. Полицијата го расчистува случајот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

