Македонија
Груевски: Бранко излези на избори, не се криј!
Ајде Бранко излези на избори ако го почитуваш сопствениот народ.Не се криј“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по неговиот повторен избор на челната позиција на партијата.
Ајде Бранко излези на избори ако го почитуваш сопствениот народ.Не се криј“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по неговиот повторен избор на челната позиција на партијата.Тој го повика лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски да излезе на фер, слободни и демократски избори.„Го повикувам да излеземе на фер, слободни и демократски избори, храбро, со чест, со достоинство, со почит кон граѓаните, без подметнување, туку со идеи“, истакна Груевски.Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за новиот предизвик и како што рече, народот е тој што одлучува во каква Македонија сака да живее, реформска или транзициска.„Ние сме подготвени за новиот предизвик, ние ќе победиме, реформите ќе победат“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во завршниот дел на 14. партиски Kонгрес што се одржуваше во Битола.Развојот на Македонија и евроатланските интеграции, како што рече Груевски, се клучно поле на кое работи партијата, а и Владата.„Наш врвен приоритет останува членството во НАТО и ЕУ, но на тој пат имаме една пречка, а тоа е проблемот со нашето име. На овој проблем ќе посветиме максимално внимание. Ние сакаме решение, а граѓаните се тие кои ќе го имаат последниот збор на референдум“, посочи Груевски.Тој истакна дека е направен напредок во борбата против корупцијата, но, како што рече, потребни се уште многу мерки.„Оваа борба никогаш не смее да запре. Во таа борба ќе имаме многу противници. Погледнете што ни се случи сега кога расплетовме една пајакова мрежа, но ќе ги издржиме сите притисоци и удари. Мора да победи правната држава“, рече Груевски.Тој се осврна и на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и на меѓуетничкиот дијалог и посочи дека тие остануваат приоритет на Владата. Ја потенцираше и важноста на кадровската политика на партијата и политиката на отворени врати.„Не смее никого да го обземе малодушност, посесивност и страв од конкуренцијата. Наш интерес е да ги привлечеме најдобрите и најталентираните. Со нив и ние ќе одиме напред“, им се обрати Груевски на 650 делегати кои присуствуваа на Конгресот во Битола.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека се потребни постојани реформи за да се постигне посакуваниот резултат и дека целта на партијата и понатаму останува отворање на нови работни места и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.„Наша должност е да бидеме со народот во секое негово премрежје зошто ние потекнуваме од народот“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Со денешното обраќање на Груевски заврши 14. Конгрес на владејачката партија, што вчера и денеска се одржа во БитолаПретходниот конгрес ВМРО-ДПМНЕ го одржа во Штип во 2007 година под мотото „Обединети кон целта“.Груевски за лидер беше избран на Kонгресот во Охрид во 2003 година, а противкандидат му беше Марјан Ѓорчев. На тој конгрес по 13 години од лидерската позиција на партијата се повлече Љубчо Георгиевски. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

