Македонија
Жбогар во посета на Македонија

Шефот на словенечката дипломатија, Самуел Жбогар од денеска до 9-ти март ќе престојува во посета на Македонија, информираат од македонското Министерство за надворешни работи и амбасадата на Словенија во Скопје.
Шефот на словенечката дипломатија, Самуел Жбогар од денеска до 9-ти март ќе престојува во посета на Македонија, информираат од македонското Министерство за надворешни работи и амбасадата на Словенија во Скопје.Предвидено е Жбогар, кој вечерва пристигнува во земјава, да се сретне со словенечки претприемачи, членовите на Словенечко-македонскиот бизнис клуб, почесниот генерален конзул, како и претставници од Словенечкото друштво “Франце Прешерн“ од Скопје, Словенечкото друштво “Триглав“ од Битола и студентите по словенечки јазик.Утре Жбогар ќе ја води регионалната конференција на словенечки амбасадори од државите на Западен Балкан.В среда шефот на словенечката дипломатија ќе се сретне со неговиот македонски колега, Антонио Милошоски, претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, како и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Предвидени се и средби на Жбогар со лидерите на СДСМ и ДУИ; Бранко Црвенковски и Али Ахмети. Се очекува на средбите да стане збор за билатералните односи меѓу Македонија и Словенија, економската соработка, евроатлантската интеграција на Македонија, како и случувањата на западниот Балкан. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи во Рим на средба со секретарот за односи со државите на Ватикан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во Рим се сретна со секретарот за односи со државите на Светата столица, монсињор Пол Ричард Галагер.
Од МНР соопштија дека централно место во разговорите била перспективата на меѓусебните релации и поактивната улога на нашата земја во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи. Соговорниците се согласиле дека историското апостолско патување на папата Франциско во Република Северна Македонија во мај 2019 година донело нова димензија во речиси тридецениските односи исполнети со пријателство и заемна почит.
„Сите дипломатски напори и висок приоритет на нашата надворешна политика се насочени кон унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка во функција на обезбедување европска перспектива како за Северна Македонија така и за целиот регион. Темелите на нашето уредување, како мултиетничко и мултиконфесионално општество, претставуваат вредносен модел кој е дел од системот на вредност на западната цивилизација“, рекол Османи, при што биле поздравени нашите напори и била споделена надеж дека интеграцијата на Северна Македонија ќе се развие на начин што ќе биде од полза за целиот Западен Балкан.
Биле разгледани и можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји, пред сè, во сферата на културата, заштитата на културно-историското наследство, образованието и здравството.
Македонија
Шахпаска: Родова еднаквост е еднакво вреднување за вложениот труд и еднакво учество на жените во сите сфери

На тема „Последиците од кризите никогаш не се родово неутрални – како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на Ковид-19?“, денеска зборуваше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, како дел од учесниците на 12. издание на „Вечери на женските права“, во организација на Институт за човекови права.
„Кругот на жени се проширува, бројот на жени што се подготвени да го кренат својот глас и да испорачаат правда во општеството и во родовата еднаквост секој ден станува сè поголем и поголем“, истакна министерката Шахпаска. Притоа се осврна на веќе донесените закони, како Законот за прекин на бременоста, Законот за спречување и заштита од дискриминацијата, Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, последните донесени со силна поддршка и од опозицијата и власта.
Министерката Шахпаска информира дека Министерството за труд и социјална политика има подготвено нацрт-верзија на закон за родова еднаквост, која ќе биде испратена до Советот на Европа, Венециската комисија, ОБСЕ и делегацијата на Европската комисија во нашата земја за првични коментари, а конечната верзија ќе биде испратена до јавноста за широка дебата.
„Родовата еднаквост претставува еднаква видливост, еднакво вреднување за вложениот труд на жените кога имаат исти професионални квалификации и капацитет со мажите за истите работни места. Законот за родова еднаквост треба да испорача еднакво учество на жените во сите сфери на општествениот живот и рамноправно учество во семејството, креираањето политики и особено родово одговорно буџетирање“, потенцира Шахпаска.
Таа додаде дека останува и закон за мобинг, на кој работната група работи. Со тоа, додаде таа, се заокружува законската регулатива на прашањата што се однесуваат, пред сè, на жените.
Шахпаска ги посочи храброста и свесноста на жените и нивната подготвеност да одговорат на предизвиците што ги донесе пандемијата.
„74 отсто здравствени работници, жени, беа на фронтот со Ковид-19, но и исто така и текстилните работнички и жените што работат во трговијата. Сите тие свесни и одговорни за ризикот од пандемијата на кој се изложуваат, но храбри да се соочат и да се справат со неа“, истакна Шахпаска.
Таа порача дека борбата за родова еднаквост, за еднаква плата за еднакво вложен труд, за рамноправно учество на жените во општеството е високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика и е нешто на кое интезивно ќе се работи во периодот што доаѓа.
Македонија
Изет Меџити се повлече од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ

Пратеникот Изет Меџити се повлече од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ. Тој вели дека продолжува да биде гардијан на политиките и идеалите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како и на волјата на гласачите на ДУИ.
Во продолжение интегрално го пренесуваме писмото на Меџити до претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Почитуван претседател на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери,
Ве известувам дека се повлекувам од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ.
Дозволете ми, како координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, да изразам искрени честитки за вашата повеќе од конструктивна улога и вашата неприкосновена посветеност, што секогаш резултира со ефикасност во работата на највисокото законодавно тело на РСМ и придонесе за дополнителни демократски вредности во домот на демократијата.
Инаку, таа, демократијата, секогаш не само што дозволува туку и ја промовира и иницира дебатата, а со тоа и различното мислење не само во општеството и во храмот на демократијата, републичкиот парламент, туку дури и во рамките на еден политички субјект.
Јас во текот на овие 20 години активен политички живот секогаш докажував дека сум приврзаник и бранител, без никакво двоумење во себе, на двата главни принципа на демократијата: гласот на слободната мисла и силата на гласот на мнозинството на гласачкото тело.
Различното мислење е повеќе од здраво за едно демократско општество, а силата на гласот на мнозинство гласачи е главната одредница за концептуалноста на демократијата на сите нивоа.
Од оваа причина, стоејќи достоинствено зад овие принципи, останувајќи силно зад личните ставови, досега често изразени во јавноста, дека во политичкиот субјект на кој припаѓам од првите денови на нејзиното основање, се развиваат случувања што на никаков начин не може да одат во прилог на најголемата политичка сила на Албанците на РСМ и што е уште поважно, ни во прилог на неприкосновениот лидер на Албанците, претседавачот г. Али Ахмети, но и поради несоздавање забуна ниту кај еден мој колега во Собранието, а од друга страна, со намера да дадам поширок простор на мојата интенција за подостоинствена елаборација на позицијата зад која силно стојам, Ве известувам дека се повлекувам од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ.
Продолжувам да бидам гардијан на политиките и идеалите на претседателот Али Ахмети, како и на волјата на гласачите на ДУИ, кои во сите изборни циклуси ни го дадоа најсилното оружје во наши раце, за да го оствариме она што го ветивме и за што сме се заложиле пред нив. Ова беше и ќе остане мој идеал, а не личните позиции и привилегии.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“