Македонија
Утврдена листата на кандидати за претседател на ДИК
Комисијата за прашања на изборите и именувањата ја утврди листата на пријавените кандидати за избор на претседател на Државната изборна комисија (ДИК)
Во листата се Розита Џарсовска, Милан Тонески, Тања Алтанџиева, Борис Кондарко, Арбен Гоља и Лазар Трајчев.Оваа листа со пријавени кандидати ќе биде испратена до претседателот на Собранието.Претставници на опозицијата и денеска не присуствуваа во работата на собраниската Комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во Њујорк: Злото од војна и конфликти мора да остане во минатото
На маргините на 79-то Генерално собрание на Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се обрати на Самитот на иднината на Интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“.
Во своето обраќање, министeрот Муцунски нагласи дека во денешно време се соочуваме со многу закани, вклучувајќи нови конфликти, тероризам, насилен екстремизам, ризици од нови технологии, кршење на човековите права и климатски промени. Тој истакна дека ниту една земја сама не може да се справи со овие предизвици и дека е неопходен ефикасен мултилатерализам за обезбедување на меѓународниот мир и безбедност.
„Самитот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Пактот ни нуди траекторија за глобални акции и отвора пат за засилување на мултилатерализмот“, истакна министерот Муцунски во обраќањето.
Воедно, тој нагласи дека иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, нагласувајќи дека злото од војна и конфликти мора да остане во минатото.
„Денес имаме уникатна шанса да ја зајакнеме нашата мултилатерална агенда и глобалните системи, прилагодувајќи ги на предизвиците со кои се соочуваме во областа на меѓународниот мир и безбедност. Утре веќе е наша сегашност“, додаде тој, истакнувајќи ја подготвеноста активно да учествуваме во напорите за зајакнување на мултилатерализмот.
На крајот, Муцунски ја подвлече потребата за промовирање на мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, како клучни дипломатски алатки.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара
На 14 мај 2024 година од Кабинетот на Пендаровски изјавиле дека тој не сакал да користи канцеларија, туку повремено, но бидејќи таа можност не постои во иднина ќе земел. Таа иднина очигледно веќе била на 15 мај, т.е. наредниот ден, кога Пендаровски побарал да му се дозволат средства за канцеларија, објави ВМРО-ДПМНЕ.
„Претседателот по закон го следува канцеларија, но лажната скромност и лицемерие на Пендаровски се одраз на неговиот манипулативен однос со граѓаните. Како што менуваше ставови од позиција на претседател, така менува и сега, што ќе каже денес, не важи и утре“, додаваат од партијата преку соопштение.
Македонија
По назначувањето на новото раководство, значително е намален бројот на заостанати предмети, велат од Агенцијата за катастар на недвижности
Значително е намален бројот на заостанати предмети во Агенцијата за катастар на недвижности.
Во последните два месеци, бројот на заостанати предмети во подрачните одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности е намален за 85%. По назначувањето на новото раководство и по интерната реорганизација, бројката од 5600 нерешени предмети е сведена на само 980 предмети, од кои 300 се тековни и 680 се заостанати предмети.
„Соодветната организација во работењето, грижата за вработените, инвестирањето во човечки ресурси и материјални средства, го дава посакуваниот ефект. Кога дојдов во агенцијата, затекнав повеќе од 5000 нерешени предмети, таа бројка денес е намалена за повеќе од 80%, а без застој се решаваат и тековните предмети“, изјави директорот Живковски.
„Целта на агенцијата да биде вистински сервис на граѓаните, каде тие ќе добијат квалитетна услуга по нормални цени. Во таа насока покрај решавањето на заостанатите предмети, во тек е и процесот на дигитализација на услугите, кој се одвива според планираната динамика. Исто така, наскоро ќе биде спроведено и намалувањето на цените на услугите, што беше најавено минатиот месец. До крајот на годината, Агенцијата ќе презентира уште неколку важни проекти кои ќе овозможат полесен пристап на граѓаните и компаниите до услугите на катастарот“, велат од Агенцијата во нивното соопштение.