Македонија
Трагедијата кај Пливалиште се уште нерасветлена
Причините што го предизвикалe струјниот удар кој ги усмрти тројцата стружани на летен шанк кај Пливалиште во Струга минатиот септември останаа неразјаснети и по денешното рочиште oд судскиот процес што за овој трагичен настан се води во Основниот суд во Струга, јавува Охридњус.
Причините што го предизвикалe струјниот удар кој ги усмрти тројцата стружани на летен шанк кај Пливалиште во Струга минатиот септември останаа неразјаснети и по денешното рочиште oд судскиот процес што за овој трагичен настан се води во Основниот суд во Струга, јавува Охридњус.
Пред судот не се појавија дел од повиканите сведоци, а не дојде ниту претставник на ЕВН. Како функционирал спорниот шанк каде се случила несреќата, кој како што беше речено не бил контролиран од надлежните органи, како била изведена електричната инсталација и што можело да биде причина за немилиот настан остана нејасно и по денешното рочиште.
За случајот обвинети се Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески, сите тројца поврзани со работењето на спорниот шанк кај Пливалиште, кои се товарат за предизвикување тешки дела против општата сигурност на луѓето.
Судскиот процес за трагичниот настан во кој животот го загубија Јосиф Докоски, Кире Ѓоргоноски и Јонче Кувенџиески, ќе продолжи на 5-ти април./крај/охридњус/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

