Македонија
Средби на Жбогар со државниот врв
Шефот на словенечката дипломатија, Самуел Жбогар, денеска, во рамки на тридневната посета на Македонија, ќе се сретне со државниот врв.
Шефот на словенечката дипломатија, Самуел Жбогар, денеска, во рамки на тридневната посета на Македонија, ќе се сретне со државниот врв.Предвидено е Жбогар да се сретне со неговиот македонски колега, Антонио Милошоски, а ќе оствари средби и со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и првиот парламентарец, Трајко Вељаноски.Се очекува на средбите да стане збор за билатералните односи меѓу Македонија и Словенија, економската соработка, евроатлантската интеграција на Македонија, како и случувањата на западниот Балкан.Вчера Жбогар се сретна со претставници на СДСМ и на ДУИ, Гордан георгиев и Али Ахмети.Ова е втора посета на Жбогар на земјава по еден месец. Претходно, високиот словенечки гостин престојуваше во Скопје на 2-ри февруари. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

