Македонија
Продолжува црната серија на Мајами
Портланд славеше во Америкен Еирлајнс Арената (96:105) и ја продолжи серијата порази на Мајами Хит. Жешките Пет мечеви по ред не знаат за победа, а веќе вечерва ги чека меч со Лос Анџелес Лејкерс кои се во победнички ритам
Луол Алдриџ постигна 26 кошеви за Портланд, а Џералд Волис додаде 22 поени и 9 скокови. Шест играчи на Блејзерси имаа двоцифрен учинок.Двејн Вејд постигна дури 38 поени на кои додаде 6 скокови и 5 асистенции, а Леброн Џејмс 31 поен со 11 скокови и 8 асистенции, но тоа не му помогна на Мајами да се спаси од пораз. Потфрли Крис Бош со за него прескромни 7 кошеви.Останати резултати:Вашингтон – Милвоки 76:95 (Џордан Крофорд 22 п. / Брендон Џенингс 23 п. 5 ск.)Индијана – Филаделфија 100:110 (Тајлер Хенсбру 26 п. 6 ск. / Андре Игуадала 16 п. 10 ас.)Атланта – Л.А. Лејкерс 87:101 (Ал Хорфорд 17 п. 9 ск. / Коби Брајант 26 п. 6 ск.)Кливленд – Голден Стејт 85:95 (Барон Дејвис 19 п. 5 ск. 6 ас. / Марио Елис 24 п. 7 ск. 7 ас.)Феникс – Хјустон 113:110 (Хаким Ворик 32 п. 8 ск. Винс Картер 32 п. 6 ск. / Кајл Лоури 32 п.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Муцунски ќе го пречека хрватскиот министер за надворешни работи: во фокус билатералните односи, економската и секторската соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, извести Министерството.
Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.
Македонија
Утре без струја неколку скопски населби
Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година, од 04:00 до 08:00 часот, екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на трафостаницата „Васил Главинов“.
„Во овој период без снабдување со електрична енергија ќе останат следните локации на територијата на градот Скопје: населба Север, Топанско Поле, дел од Чаир, дел од Шуто Оризари, населба Бутел, цело Визбегово и индустриските објекти во индустриска зона „Визбегово“.

