Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се врати во Собрание и да одиме на избори
ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика пратениците од СДСМ да се вратат во парламентот и да се распишат предвремени парламентарни избори.
ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика пратениците од СДСМ да се вратат во парламентот и да се распишат предвремени парламентарни избори.На тој начин, според владејачката партија, СДСМ ќе придонесе за демократијата во земјата. „Ако СДСМ сака да придонесе за демократијата, и ако сака и ја почитува демократијата тогаш треба да се врати во Собрание и да одиме на избори. ВМРО-ДПМНЕ нема да се штеди ниту пак воздржува да ги примени сите легитимни, законски и демократски средства за да обезбеди непречено функционирање на демократијата. Има моменти кога демократијата се обезбедува по секоја цена. Ние се наоѓаме во таков момент и ние ќе ја обезбедиме демократијата. Македонската демократија ниту може ниту ќе зависи исклучиво од волјата и личниот каприц на Бранко Црвенковски“, изјави партискиот портпарол Александар Бичиклиски. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

