Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати нашите барања
Опозициската СДСМ побара ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати нивните барања, по што би се одело на предвремени парламентарни избори.
Опозициската СДСМ побара ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати нивните барања, по што би се одело на предвремени парламентарни избори.Во реакцијата на повикот од владејачката партија за враќање во Собранието и одржување на избори, од СДСМ велат дека за нив тие се приоритет.„Нека престане Груевски да се заканува со предвремени избори исклучиво по негово сценарио и услови, кои уште сега мирисаат на фалсификат. Ако толку им верува на неговите анкети јавно ги повикуваме да ги прифати сите логични, рационални и разумни барања на СДСМ по што ќе може да се пристапи кон предвремени фер и демократски избори. За СДСМ и понатаму одржување на предвремени фер и демократски избори останува приоритет“, се вели во писмената реакција од СДСМ. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

