Македонија
Тонер:САД не диктираат како да се реши спорот за името

Соединетите Американски Држави (САД) не диктираат како да се постигне решение околу спорот за името, туку им оставаат на Македонија и на Грција да го решат тоа отворено прашање.
Соединетите Американски Држави (САД) не диктираат како да се постигне решение околу спорот за името, туку им оставаат на Македонија и на Грција да го решат тоа отворено прашање. Ова е реакцијата на официјален Вашингтон на наводите на поранешниот амбасадор Ристо Никовски дека САД сакаат да ја прекрстат земјата, пренесе Гласот на Америка.„Американската политика е мошне конзистентна, а тоа е дека е до Македонија и Грција да ги разрешат нивните разлики околу прашањето за името. Ги поттикнавме обете страни да бараат можности како да тргнат напред. Ова не е ситуација во која еден добива, а друг губи. Ниту амбасадорот Рикер, ниту пак кој и да е друг американски официјален претставник некогаш се има обидено да диктира како тоа треба да го сторат“, рече портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер на прашање на Гласот на Америка.Тонер изрази надеж дека прашањето ќе биде решено и дека Македонија ќе може да го заземе своето место во евро-атлантските институции Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски вчера се огради од изјавата на Никовски и нагласи дека САД се стратешки партнер и сојузник на Македонија. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Демографија не се подобрува со кампањи, туку со квалитетен животен стандард и јасна перспектива за младите

„Наместо да создава услови младите да останат тука и да формираат семејства, Мицкоски ги брка од државата со зголемување на сиромаштијата и нееднаквоста, без да понуди каква било јасна перспектива за државата. Денес, младиот човек во Македонија е оставен без иднина. Стандардот е уништен. Платите се недоволни, а Мицкоски се заканува со нови даноци. Со вакви политики, за кратко време, тој ќе ги избрка сите од државата“, велат од СДСМ.
„Наместо да понуди современа, хумана и искрена поддршка за младите семејства, тој вели дека ќе ги едуцирал за „семејните вредности“. Демографијата не се решава со кампањи за „семејни вредности“, туку со стабилни и добро платени работни места, достапно и квалитетно здравство и сигурна социјална заштита.
Младите не бегаат затоа што не сакаат да создадат семејство, туку затоа што не можат да си го дозволат. Тоа е директен резултат на промашените и класично десничарски политики на оваа влада. Стандардот е намален за 20%, се богати само елитата околу Мицкоски, а за останатите граѓани нема никаква корист од владините политики.
Ако навистина сакаше да се раѓаат деца во Македонија, ќе се грижеше најпрво нивните родители да бидат сигурни и да ја гледаат својата иднина тука. Таква политика од Мицкоски нема“, соопшти СДСМ.
Македонија
Многу топло време со температура до 41 степен, попладне услови за пороен дожд и грмежи

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во среда, а особено во четврток поради продор на посвежа воздушна маса од север ќе има значително опаѓање на дневната температура. Ќе дува засилен северен ветер, а претежно во северните делови ќе има повремен дожд.
Македонија
(Видео) Ангелов: Mожна причина за пожарот кај Блаце е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило „амарок” на ДЗС, дејствуваат како поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита која со повеќе пожарникари и возила го гаси големиот пожар на отворен простор на територијата на општина Чучер Сандево над магистралниот пат Скопје – Блаце кој изби вчера во попладневните часови.
„Од мое непосредно забележување можам да кажам дека овој пожар изби непосредно до магистралниот пат кон Блаце и можна причина е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување“, вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој апелира до граѓаните да се однесуваат совесно и никогаш да не фрлаат отпушоци од цигари надвор од возило, дури и тогаш кога се убедени дека се изгаснати.
Доколку забележите пожар веднаш јавете на бројот 112.