Македонија
Бубрежните заболувања во пораст – годишно 50 нови случаи
Во моментов 1.360 бубрежно болни се лекуваат со хемодијализа, покажуваат податоците од Фондот за здравство соопштени на денешното одбележување на Светскиот ден на бубрегот.
Во моментов 1.360 бубрежно болни се лекуваат со хемодијализа, покажуваат податоците од Фондот за здравство соопштени на денешното одбележување на Светскиот ден на бубрегот.
Претседателката на Регистарот за бубрежни заболувања, Оливера Стојчева, рече дека бројот на заболени рапидно расте и секоја година може да се очекуваат нови 50 заболени кои ќе се лекуваат со хемодијализа.
„Од 2008 година кај нас доминираат хипертензија и шеќерна болест, особено кај младата популација а тој број ќе биде поголем доколку не се работи на превенција и едукација на населението“, рече Стојчева.
Таа додаде дека Македонија е на средно ниво по бројот на заболени додека Хрватска и Грција се водечки во регионот.
„Раното откривање и терапија на хроничната бубрежна болест ќе го забави и запре развојот на крајниот стадиум на болеста, и ќе ја намали појавата на кардиоваскуларната болест, која денеска е најчеста причина за прерана смрт ширум светот“, велат од „Нефрон“
Здружението на бубрежно болни „Нефрон“ , денеска укажа на проблемите со центрите за дијализа, состојбата со апаратите кои се користат за лекување, како и недостатокот на одредени лекови.
„Ако конечно кај нас почне трансплантација на бубрезите со кадавер (од починато лице) ќе се намали бројот на пациенти кои ќе се лекуваат со хемодијализа која е скапа“, рече Љупчо Трпеновски, претседателот на „Нефрон“.
Заменик министерот за здравство, Владимир Поповски, рече дека Владата одвојува 20 милиони денари за превентивни програми меѓу кои е и онаа за бубрежно болните.
Во изминатите неколку недели спроведена е контрола на здравствените услуги, амортизираноста на апаратите , состојбата на пациентите и тимот кој работи со нив.
Директорката на ФЗОМ , Маја Парнаџиева Змејкова најави контрола и во центрите за дијализа во другите градови./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

