Македонија
Казни за партиите кои ќе згрешат во финансирањето на изборните кампањи
Политичките партии да се казнуваат исто како и сите правни лица. Со измените и дополнувањата на Кривичниот законик се предвидува забрана за користење на средствата
Политичките партии да се казнуваат исто како и сите правни лица. Со измените и дополнувањата на Кривичниот законик се предвидува забрана за користење на средствата за финансирање на политичките партии од буџетот на државата, доколку партијата како правно лице ги повредила законските одредби кои се однесуваат на финансирањето на изборната кампања. Со овие измени се создаваат алатки за справувањето со корупцијата во политичките партии.
„Во делот на политичките партии во споредните казни се предлага да се внесе споредна казна која е именувана како „забрана за користење на средства за финансирање на политичките партии од Буџетот на Република Македонија“, ако се претпостави дека политичката партија како правно лице ги повредила сите овие законски одредби кои се однесуваат на финансирањето на изборната кампања. И покрај казната која ќе се изрече заедно со таа казна се изрекува и оваа забрана за користење на средства“ објаснува професорот Владо Камбовски.
Забраната за користење на средствата задолжително ќе се изрече за сторителот кој ќе биде осуден за овие дела против изборите и гласањето.
„Сите дејствија коишто можат другите правни лица да ги направат во смисла на казнени дела, сега е предвидено дека тоа можат да го прават и партиите. Се предвидуваат и одредби со кои на партиите може да им биде изречена една од тие мерки да им се изрече забрана за користење на државни буџетски средства“ објаснува скопскиот јавен обвинител, Марко Зврлевски.
Освен ова, во делот на корупцијата во приватниот сектор се прошируваат инкриминациите на примање на подароци во приватниот сектор.
„Досега во приватниот сектор беше инкриминирано само примањето на награда за некој во правното лице да преземе определени дејствија кои се спротивни на законските должности, а сега се инкриминира и активната страна, односно оној кој ја дава наградата затоа да се направи, тоа е пандан на делото „давање поткуп“ како дело против службената должност“ вели Камбовски.
Исто така во делот на инкриминации поврзани со заштитата на малолетните лица се воведува посебен регистер за сторители на дела на сексуална злоупотреба на малолетници со тоа што во Кривичниот законик ќе бидат поставени само основите на таквиот регистар, додека во Законот за малолетничка правда ќе треба понатаму да се разработи во која функција и како ќе можат тие податоци да се чуваат, евидентираат собираат, користат.
Министерството за правда денеска одржа јавна расправа за измените и дополнувањата на кривичниот законик. Овие измени се очекува до крајот на месецот да се најдат и на владина седница./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

