Македонија
Охридските таксисти бараат зголемување на цената на такси превозот
Охридските такси компании подготвуваат барање за зголемување на цените на такси превозот во Охрид, кое наскоро ќе го достават до локалната самоуправа. Цената која тие ја предлагаат е 50 денари за старт и 30 денари за секој изминат километар.
Охридските такси компании подготвуваат барање за зголемување на цените на такси превозот во Охрид, кое наскоро ќе го достават до локалната самоуправа. Цената која тие ја предлагаат е 50 денари за старт и 30 денари за секој изминат километар.Споредено со сегашните цени, тоа значи дека доколку се усвои нивното барање, би дошло до покачување од дваесет денари на стартот кој сега изнесува 30 денари и 25 за секој изминат километар.Ваквото барање такси возачите го објаснуваат со покачување на цените на нафтата и плинот.„Веќе подолго време возиме со загуба, дури размислуваме и да ги паркираме возилата и да не возиме. Свесни сме и за тешката економска состојба во која се наоѓаат граѓаните, па затоа ја предлагаме оваа цена. Инаку според нас реална цена би била 45 денари за изминат километар“ – велат сопствениците на такси компаниите.Од локалната самоуправа информираат дека неколку компании веќе поднеле барање за покачување на цените. Кога ќе има можност, барањето ќе биде ставено на дневен ред на една од седниците на општината. Советниците се тие кои треба да го дадат конечниот збор за тоа дали ќе поскапи такси превозот во Охрид. крај/охридњуз/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

