Македонија
НД има три услови за враќање во Собранието
Нова Демократија нема донесено никаква одлука за бојкотирање на изборите, ние сме подготвени и посакуваме да има што поскоро избори, но тие мора да бидат фер.
Нова Демократија нема донесено никаква одлука за бојкотирање на изборите, ние сме подготвени и посакуваме да има што поскоро избори, но тие мора да бидат фер.Ова денеска во интервју за Радио Слободна Европа го изјави лидерот на Нова Демократија, Имер Селмани.Тој наведе дека неговата партија го напуштила Собранието поради три причини, пописот, Рамковниот договор и „Скопје 2014“.„Се донесе закон за попис на населението, а гледаме дека застаре, пописот крахира, нема да се оддржи, заради истите причини што и ние ги кажувавме“, вели Селмани.Тој подвлече дека доколку се отвора Уставот мора да се градат основните принципи на Охридскиот рамковен договор.„ Ова значи да не се овозможи надгласување, мајоризација на мнозинството во одредени сегметни врз немнозинството, односно да се воведе принципот на Бадентер“, рече Селмани.Покрај ова, НД смета дека власта перманентно вложувала во моноетнички проекти од типот на „Скопје 2014“, кои што, според него, кулминирале со музејот-црква на Кале.„Ние како политичка партија колку и да се трудевме да го стопираме тоа во Парламентот, наидовме на глуви послушници“, рече Селмани. Тој порача дека истиот ден кога овие прашања ќе се најде на дневен ред на собраниска седница, Нова Демократија ќе се врати во законодавниот дом.Управниот совет на Нова Демократија за денеска најави седница во проширен состав на која ќе ги разгледа Изборниот законик и ќе заземе став за предвремените избори. /крај/рсе/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

