Македонија
Еленовски: Државна агенција за обезбедување решение за припадниците на безбедносниот сектор
Лазар Еленовски , претседателот на иницијативниот одбор за формирање на Државна агенција за обезбедување, рече дека и по девет месеци откако ја потпишале иницијативата , Владата не ги сослушала
„Владата не наоѓа време едноставно да го сослуша предлогот . Слушнавме неколку иницијативи од нивна страна кои што сметаме дека не одговараат на реалноста и мислиме дека нема да го постигнат посакуваниот ефект“, рече ЕленовскиЕленовски заедно со неколку независни синдикати во сферата на безбедноста, Социјалдемократската унија и неколку приватни агенции за обезбедување смета дека формирањето на Агенцијата е системско решение за припадниците на безбедносниот сектор.Поранешниот министер за одбрана Еленовски вели дека со ова би се решило егзистенционалното прашање на професионалните војници, офицерите, подофицерите, полицајците, службениците во затворските служби и секако бранителите .Алармантниот однос на се она што се случуваше по училиштата, напади на одредени верски објекти , напади на одредени споменици , е поголем поттик за решавање на прашањето на Државната агенција за обезбедување“, рече потпретседателот на Иницијативниот одбор Гоце Делчев Тодев.Еленовски кој заедно со иницијативниот одбор го изрази својот револт пред Собранието рече дека ќе продолжат да го бараат решението во Законодавниот дом , со различни иницијативи и процеси.„Досегашните обиди што министерството за добрана , конкретно Министерот со одредени негови предлози и потези сакаше да ги реши прашањата во делот на професионалните војници, е само не успешен обид“ рече Тодев
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

