Македонија
Груевски и Црвенковски не постигнаа договор
Без договор доцна синоќа заврши средбата на лидерите на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски.
Без договор доцна синоќа заврши средбата на лидерите на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски.
По средбата Груевски изјави дека од страна на неговата партија биле прифатени голем дел од барањата, но посочи дека постојано биле доставувани нови предлози, а пак Црвенковски го повтори ставот на СДСМ дека додека не бидат исполнети условите тие остануваат надвор од Собранието.
Црвенковски изјави дека не е постигнат договор за барањата за Изборниот закон и за утврдување на состојбата со избирачкиот список, а за деблокирање на сметките на А1 телевизја, весниците Шпиц, Коха е ре и Време според него кај ВМРО-ДПМНЕ не постои интерес.
Груевски пак останува на ставот дека извршната власт не смее да се меша во работата на судската власт и оти деблокирањето на сметките на медиумите е во рацете на судот.Рокот за распуштање на Собранието кој го даде ВМРО-ДПМНЕ ќе се пролонгира за десет дена, поради како што рече Груевски продолжувањето на рокот на Комисијата која ќе го прочистува избирачкиот список.
„Прифативме многу од нивните барања, подготвени сме и дополнително да ги прифатиме сите нивни логични и нелогични барања се со цел да одиме на избори. Но, доколку е потребно ќе одиме на избори и во присуство на бојкотот на СДСМ“, изјави Груевски по осумчасовната средба со лидерот на СДСМ.
Црвенковски рече дека е подготвен за уште средби, но и дека ќе инсистира на лидерска средба во проширен состав.За утре е закажана собраниска седница на која треба да се гласа предлогот за претседател на ДИК, измените и дополнувањата на Изборниот закон, како и формирање на повремена комисија која ќе ја утврдува состојбата со избирачкиот список./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

