Македонија
Јанкуловска: Македонија нема да биде заложник на стравовите и суетатa на Бранко
„Ние нема да дозволиме Македонија да е заложник на суетата и стравовите на Бранко Црвенковски.
„Ние нема да дозволиме Македонија да е заложник на суетата и стравовите на Бранко Црвенковски. Ќе ги усвоиме предлозите на СДСМ за претседател на ДИК и за измени на Изборниот законик во кои ќе ги вградиме барањата кои вчера ги постави СДСМ, а ние ги прифативме“, изјави на денешната прес-конференција членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска. Согласно барањето на СДСМ,таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја изгласа и одлуката за формирање на собраниска комисија која ќе ја предводи претставник на опозицијата, и која во рок од 20 дена ќе оствари увид и ќе го потврди прочистениот избирачки список. “Така ќе им го одземеме и последното алиби на Црвенковски и СДСМ да ја држат Македонија во заложништво, и тогаш ќе треба да излезат на избори а ако сакаат нека не излезат на избори. Очекуваме да се вразумат, да покажат конструктивност и да излеземе на избори, времето е дојдено и нема да дозволиме иднината на сите наши граѓани да зависи од Црвенковски“, истакна Јанкуловска. Вчерашната лидерска средба Јанкуловска ја нарече нова транзициска финта и покерашки блеф на Црвенковски. „СДСМ дојде на лидерската средба со единствена цел, средбата да пропадне, блокадата да продолжи а Црвенковски да го пролонгира крајот на неговата политичка кариера за неколку недели или месеци“, рече Јанкуловска. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ како што посочи таа била покажана добра волја силна конструктивност и отвореност за прифаќање на барањата, предлозите и идеите кои ги изнесе Бранко Црвенковски, се со цел како што рече да се спречи оваа ситуација на политичка агонија која ја произведе СДСМ и која по секоја цена очигледно сака да ја одржи./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Интензивирани активности за пролетно уредување и модернизација на јавните површини во Ѓорче Петров
Во пресрет на пролетната сезона, Општина Ѓорче Петров започна засилена и координирана акција за уредување, разубавување и системско одржување на јавните површини на целата територија на општината.
Активностите се дел од поширока стратегија за унапредување на урбаната хигиена, зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
„На терен се реализира интензивно кастрење на дрвја и жива ограда со цел подобрување на безбедноста и зачувување на зеленилото, расчистување на гранки и зелен отпад и нивно соодветно отстранување, темелно чистење на тротоари, рабници и пешачки зони, уредување на паркови, детски игралишта и меѓублоковски простори.
Со овие активности се создава почиста, побезбедна и поуредена животна средина, а истовремено се поставуваат основи за понатамошни инфраструктурни и еколошки интервенции во текот на годината.
Општината останува целосно посветена на континуирано и одговорно одржување на јавните простори, со јасна визија за модерно, зелено и функционално Ѓорче Петров. Во наредниот период, активностите ќе се интензивираат и ќе опфатат дополнителни локации, согласно утврдениот план“.
Македонија
Заедно за безбедност: Mozzart донира тактички елеци на Интервентната единица
Интервентната единица при Министерството за внатрешни работи доби нови тактички елеци донирани од компанијата Mozzart. Со оваа донација, компанијата ја потврди својата подготвеност да поддржи институции кои работат на заштита и безбедност на граѓаните.
Тактичките елеци ќе придонесат за подобра заштита и ефикасност на припадниците на единицата при извршување на нивните задачи.


„Со задоволство одговоривме на барањето за набавка на нови тактички елеци. Интервентната единица секојдневно е на терен и се грижи за јавната безбедност, а нашата компанија имаше можност да даде конкретна поддршка. Соработката ќе продолжи и во иднина,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Во рамки на својата стратегија за општествена одговорност, Mozzart од почетокот на годината реализира повеќе проекти во различни области – од поддршка на кампањата „Ретко е да си редок“, преку организација на бесплатни театарски претстави, до донации за институции од областа на безбедноста. Активностите ќе продолжат и понатаму, опфаќајќи спорт, здравство, екологија и култура.
ПР
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“

