Македонија
Бучковски: Набавките во МО беа ургентни исто како „Тамифлу"
По повеќе турбуленции околу стартот на повтореното судење денеска пратеникот Владо Бучковски со часови пред судијата Дијана Груевска Илиевска и Судскиот совет зборуваше за набавките на резервни делови за тенкови заради кои тој одговара за злоупотреба на службената должност и овластување.
По повеќе турбуленции околу стартот на повтореното судење денеска пратеникот Владо Бучковски со часови пред судијата Дијана Груевска Илиевска и Судскиот совет зборуваше за набавките на резервни делови за тенкови заради кои тој одговара за злоупотреба на службената должност и овластување.Го убедуваше судот дека набавките биле легални , парите се знае каде завршиле и државата немала штета туку дури и корист. Тој во детали со мноштво нови документи и докази тврдеше дека со одлука на тогашниот претседател Борис Трајковски, премиерот Љубчо Георгиевски било побарано ургентна набавка на делови за тенкови од Украина. Било констатирано дека на Македонија и демнела опасност од вооружени напади заради што државата требало да се наоружа. Ниту една набавка не била планирана поради закана од Косово тврдеше Бучковски. „Тогаш државата работеше надвор од Законот за јавни набавки, во кои Член два предвидува дека доколу се работи за интерес на државата и се работи за воена тајна Законот не важи”,појасни Бучковски. На предлог на државниот секретар во министерството за финансии, Ванчо Каргов, наместо да се прави ребаланс на Буџетот побарал МЗТ ФОП да плати за деловите како добар партнер на министерството. Бучковски тврди дека по неговото заминување од министерството почнале перипетиите со договорот и доцнењето на исплатата на втората рата од парите иако пари имало на посебна сметка на Министерството од каде за јавни набавки биле исцрпени две милијарди денари. За овој договор против Бучковски веќе имало кривична пријава која обвинителството ја отфрли. „Во меѓувреме се случува штрајк во МЗТ ФОТ и паѓа договор парите од втората и третата рата да бидат дадени во Фондот за здравство за бенефит на вработените. До денар се гледа каде се парите потрошени или каде се наоѓаат. Се набавуваше ургентно исто како што се набавуваше Тамифлу кога се закануваше опасност по здравјето на населението”, тврдеше Бучковски и на судот му предаде нови докази и документи. Денеска тој обелодени дека чешка компанија сакала да ги купи деловите, но државата не ги дала оти биле предмет на кривично дело и биле ставени вон правен промет , што за него е чудно оти на тој начин државата би можела да заработи многу пари оти вакви тенкови се употребуваат во Јужна Африка. Бучковски сведочењето ќе го продолжи на следното рочиште. Верзијата околу набавките во министерството во негово време Бучковски ја зборува вторпат, но со многу нови дополнувања. Еднаш беше осуден, но Апелација ја поништи пресудата и судењето е на почеток./крај/км/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.