Македонија
Судот за "Метастаза" и "Фаланга" укина куќни притвори
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Суд Скопје 1 , укина три куќни притвори за обвинетите од предметите “Метастаза” и “Фаланга”.
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Суд Скопје 1 , укина три куќни притвори за обвинетите од предметите “Метастаза” и “Фаланга”. Со првото решение е укинат домашен притвор по барање на одбраната за двајца обвинети од Скопје со гаранција хипотека на недвижен имот, како поблага мерка за обезбедување на негово присуство во текот на кривичната постапка. Третиот притвор, за кој одлучувал Советот е за обвинет од Велес. Советот донел решение со кое го уважил предлогот на одбраната за укинување на мерката и како во случајот “Метастаза“ е обезбедена хипотека на недвижен имот. И двата мега случаи се уште траат во судот и се во фаза на изведување материјални докази. Во случајот “Метастаза” им се суди на лекари и посредници за давање лажни дијагнози за добивање инвалидски пензии, а во вториот случај им се суди на диви копачи продавачи на артефакти.крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

