Македонија
Донирана запленета стока на децата без родители при домот „11 Октомври“

Во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, вицепремиерот Зоран Ставрески и директорот на Царинска управа Ванчо Каргов донираа облека и разни предмети запленети во акции против корупцијата и криминалот
„Пред се’ облека, обувки, играчки, техника и козметика и се“ друго што е запленето, им се распределува на разни категории граѓани и дечињата кои имаат потреба од таква стока. Со цел, се разбира, да продолжиме со подобрување и напорите на условите за живот за нив, да им помогнеме како Влада, за полесно да минат низ животот и да имаат подобри услови во домовите каде што живеат“, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставревски. Тој додаде дека Владата донела одлука за финансиска подршка во износ од 18 илјади денари месечно за младинци коишто ќе наполнат 18 години и ќе се запишат на студии.Директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов изјави дека управата секојдневно се бори во спречувањето на шверцот и корупцијата и дека ќе продолжи со доделување на запленета стока на сите институции од ваков вид во Македонија. Дечињата без родители од домот „11 Октомври“ изведоа неколку песни како благодарност на хуманитарната акција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Дел од неколку населби во Скопје без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од делови од улиците: Богомилски Поход, Благоја Мучето, Тодор Чангов и Ѓорѓе Андреевиќ Кун. (Општина Ародром)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Беласица и дел од ул. Петричка. (Општина Центар)
· од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од бул. Партизански Одреди (во околината на Градежниот факултет). (Општина Центар)
· од 11:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Исаија Маџовски и дел од ул. Воин Драшкоци. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска, променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне ќе има пороен дожд и грмежи, а попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во петок и сабота во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето. Во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени).