Македонија
Македонија во Хаг со доста помлад тим
Македонските аргументи пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе ги презентира тим составен од 15 лица, брифираат дипломатски извори.
Македонските аргументи пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе ги презентира тим составен од 15 лица, брифираат дипломатски извори.
Освен МНР во македонскиот тим се и шестмина дипломати, осум професори, асистенти, од кои двајца се од Македонија, Во македонскиот тим како правен застапник е вклучен и професорот Филип Сенс, кој исто така беше застапник во судскиот спор што го води Грузија против Русија пред истиот суд.
Грчкиот тим е составен 20 лица, 11 активни дипломати, еден поранешен дипломат, осум професори асистенти, од кои тројца се од Атина.
Според истите извори, македонскиот тим е доста помлад од грчкиот тим, но не и помалку искусен.
Денеска попладне околу 15 часот се очекува да започне усната расправа по тужбата на Македонија против Грција во Хаг.
Предвидено е во првиот круг од усната расправа Македонија своите аргументи да ги образложи денеска и утре, додека Грција тоа ќе го стори на 24-ти и 25-ти март. Во вториот круг од усната расправа Македонија ќе ги образложи своите аргументи на 28-ми март, додека Грција тоа ќе го направи на 30-ти март.
Дипломатски извори брифираат дека судскиот процес не треба да се поврзува со политичките разговори за спорот со името што се водат под покровителство на Обединетите Нации и дека тоа не би требало да влијае врз нивниот тек. Истите извори нагласуваат дека НАТО не е странка во спорот и дека со тужбата не се бара наложување на било каква одлука на Алијансата, туку се бара преиспитување на однесувањето на Грција пред и за време на самитот.
Македонија во ноември 2008-ма година ја поднесе тужбата пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Во досегашната писмена фаза Македонија поднесе два писмени поднесоци на 20-ти јули 2009-та и 9-ти јуни 2010-та. Грција тоа го стори на 18-ти јануари 2010-та, односно 27-ми октомври 2010-та година.
Судот го сочинуваат 15 судии. Двете страни имаат право да изберат по еден ад-хок судија. Од македонска страна изборот е хрватскиот професорот Будислав Вукас. Неговиот избор се правда со неговата репутација и познавање на меѓународното право.
Застапник од македонска страна е шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, додека ко-застапник е амбасадорот во Холандија, Никола Димитров.
Македонија, според дипломатски извори, ќе ја почитува одлуката на судот каква и таа да биде. /крај/фф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

