Македонија
Марфи: Грција го спори уставното име на РМ
„Нема ниту една меѓународна организација која бара од подносителот на барањето (Македонија) да ја користи привремената референца (Поранешна југословенска република Македонија).
„Нема ниту една меѓународна организација која бара од подносителот на барањето (Македонија) да ја користи привремената референца (Поранешна југословенска република Македонија). И нема ниту една земја освен тужената страна (Грција) која покренала прашање за употребата на уставното име на подносителот на барањето (Македонија)“, рече Шон Марфи, правен застапник на Македонија во случајот што земјата го води против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Никој освен Грција не смета дека привремената референца е името на Македонија. Тоа е токму референца која упатува на Македонија , додаде Марфи. Тој ги отфрли грчките тврдења дека противењето на Грција на македонското членство во НАТО е резултат на немањето добрососедски односи и постоењето иредентистички закани. „Нема докази за иредентизам денес, освен нејзините (на Грција) изјави“, рече Марфи. Тој рече дека користењето на уставното име (на Македонија) не може да имплицира територијални претензии кон друга држава. Пред судиите на МСП Марфи кажа дека има голем број држави кои го признаваат и го користат уставното име во билатералните односи.Ова е прв круг од усната расправа во судскиот спор кој Македонија го покрена против Грција заради кршење на Времената спогодба.Пред Судот во тек е образложение на Филип Сандс, еден од правните застапници на Македонија. Усната расправа ќе трае и попладне. крај/макфакс/мд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

