Македонија
Скоро половина од средношколците не се гледаат за десет години во Македонија
Скоро половина (45.5%) од средношколците не се гледаат во Македонија за 10 години. Дополнителни 15.9% се гледаат некаде во државата, но не во местото во кое што живеат, додека 38.3% од средношколците, за десет години се гледаат себе си во градот во којшто живеат.
Скоро половина (45.5%) од средношколците не се гледаат во Македонија за 10 години. Дополнителни 15.9% се гледаат некаде во државата, но не во местото во кое што живеат, додека 38.3% од средношколците, за десет години се гледаат себе си во градот во којшто живеат.Ова се резултатите од последното истражување на Младински образовен форум (МОФ) спроведено во 13 градови низ државата во 50 средни училишта кое опфаќа примерок од 3607 средношколци. За секој петти средношколец (19.8%) најголеми проблеми за младите се слабата економија и недостатокот од работни места. По нив следат алкохолизмот и наркоманијата со 17.9% и насилството и криминалот со 16.7%. Средношколците изразуваат скептичност дека на било каков начин можат да помогнат за да се решат локалните проблеми, а повеќе од две третини од средношколците сметаат дека ништо односно малку можат лично да променат за да се решат проблемите во нивниот град. Средношколците не им веруваат на локалните власти, а уште помалку на локалните функционери, се вели во истражувањето.„Резултатите покажуваат дека македонските средношколци се исклучени и, претежно, незаинтересирани за граѓанското учество и за подобрување на сопствената држава. Тие веруваат дека попрво ќе ја напуштат Македонија, отколку што ќе можат нешто да променат“, сметаат од МОФ. Марјан Забрчанец, извршен директор на МОФ вели дека државата мора да обезбеди буџет за имплементација на Националната стратегија за млади, бидејки прашање е колку спортските сали ќе успеат да ги задржат младите да не се иселат од Македонија.„Ваквата апатична младина не е точно е дека не му одговара на никој, им одговара совршено на политичките партии и политичките елити“, рече Дарко Алексов, извршен директор на МОСТ и додаде дека се додека политичките партии не ги кренат шепите од младите, сите останати обиди нема да имаат импакт врз активизамот на младите и нивната перцепцијата за тоа колку можат тие да сменат во општеството.Препораките кои произлегуваат од истражувањето се насочени кон локалните власти, на кои им се препорачува на својата листа на приоритети да ги стават младите и да воспостават редовна комуникација со нив, локалната заедница да издвои буџет за конкретни младински активности и да придонесе кон афирмација на младите, а образовните институции и креаторите на образовниот курикулум да понудат соодветни содржини, вештини и знаења./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

