Македонија
Речиси половина од средношколците не се гледаат за десет години во Македонија
Речиси половината (45.5%) од средношколците не се гледаат во Македонија за десет години. Дополнителни 15.9% се гледаат некаде во државата, но не во местото во кое што живеат, додека 38.3% од средношколците, за десет години се гледаат себе си во градот во којшто живеат.
Ова се резултатите од последното истражување на Младински образовен форум (МОФ) спроведено во 13 градови низ државата во 50 средни училишта кое опфаќа примерок од 3607 средношколци. За секој петти средношколец (19.8%) најголеми проблеми за младите се слабата економија и недостатокот од работни места. По нив следат алкохолизмот и наркоманијата со 17.9% и насилството и криминалот со 16.7%. Средношколците изразуваат скептичност дека на било каков начин можат да помогнат за да се решат локалните проблеми, а повеќе од две третини од средношколците сметаат дека ништо односно малку можат лично да променат за да се решат проблемите во нивниот град. Средношколците не им веруваат на локалните власти, а уште помалку на локалните функционери, се вели во истражувањето.„Резултатите покажуваат дека македонските средношколци се исклучени и, претежно, незаинтересирани за граѓанското учество и за подобрување на сопствената држава. Тие веруваат дека попрво ќе ја напуштат Македонија, отколку што ќе можат нешто да променат“, сметаат од МОФ. Марјан Забрчанец, извршен директор на МОФ вели дека државата мора да обезбеди буџет за имплементација на Националната стратегија за млади, бидејки прашање е колку спортските сали ќе успеат да ги задржат младите да не се иселат од Македонија.„Ваквата апатична младина не е точно е дека не му одговара на никој, им одговара совршено на политичките партии и политичките елити“, рече Дарко Алексов, извршен директор на МОСТ и додаде дека се додека политичките партии не ги кренат шепите од младите, сите останати обиди нема да имаат импакт врз активизамот на младите и нивната перцепцијата за тоа колку можат тие да сменат во општеството.Препораките кои произлегуваат од истражувањето се насочени кон локалните власти, на кои им се препорачува на својата листа на приоритети да ги стават младите и да воспостават редовна комуникација со нив, локалната заедница да издвои буџет за конкретни младински активности и да придонесе кон афирмација на младите, а образовните институции и креаторите на образовниот курикулум да понудат соодветни содржини, вештини и знаења
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

