Македонија
Македонските државјани не знаеле дека пренесуваат кокаин?
Македонските државјани кои го превезувале камионот, натоварен со кокаин, според неофицијални информации, не знаеле дека пренесуваат дрога.
Македонските државјани кои го превезувале камионот, натоварен со кокаин, според неофицијални информации, не знаеле дека пренесуваат дрога.
Во акцијата што ја иницирала шпанската полиција и преку Интерпол информирала за случајот, била вклучена и македонската полиција.
Од македонското МВР велат дека имало договор меѓу полициите дрогата да не се запленува се додека не дојде во рацете на нарачателот, па поради тоа камионот ја минал цела Европа. Македонските власти го пуштиле камионот преку граничниот премин Ќафасан, во неделата.
Според информации од македонската полиција, албанската полиција предвреме соопштила дека запленила дрога иако шпанската полиција ја иницирала акцијата.
Двајца македонски државјани вчера беа уапсени во Албанија при обид да прошверцуваат 200 килограми кокаин.
Кокаинот вреден 15 милиони евра кој бил запленет во градот Ѓирокастро, на југот на Албанија бил спакуван заедно со десет тони масло од палма, наменет за бизнисмен од овој град, односно производител на колачи.
Според неофицијални информации, тој го нарачал маслото, а задачата на кумановската фирма била само да го пренесе маслото.
Камионот со кумановски регистерски табличкии пред да влезе во Албанија, како што наведува обвинителството поминал низ повеќе европски земји вклучувајќи ја и Шпанија, Белгија, Австрија, Словенија, Хрватска Србија и Македонија.
Според извори блиски до обвинителството, дрогата требало преку процес на дестилација да биде издвоена од маслото од палма.
Албанската полиција соопшти дека уапсила најмалку пет лица поврзани со шверцот на кокаин меѓу кои и македонските државјани.
Албанија е важна земја на патот на дрогата кон западноевропските земји. Меѓу 25 и 30 отсто од дрогата на европскиот пазар која доаѓа од Балканот, се пренесува преку Албанија.
Се работи за најголема количина дрога фатена досега во Албанија, па и во последно време во Европа. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

