Македонија
25 починати лица, регистрирани 1.722 новозаразени од коронавирус
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 4.939 теста, а регистрирани се 1.722 нови случаја на Ковид-19:
Скопје – 1.011, Кавадарци – 85, Куманово и Битола – по 83, Прилеп – 51, Тетово и Велес – по 50, Гостивар – 37, Валандово – 30, Охрид и Кичево – по 26, Радовиш – 22, Гевгелија – 21, Струмица – 20, Неготино – 19, Струга – 17, Кочани – 13, Делчево и Богданци – по 12, Крива Паланка – 11, Ресен – 9, Штип – 5, Свети Николе – 4, Берово, Дебар, Виница, Кратово, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број позитивни (1.722), регистрирани се 250 реинфекции.
Регистрирани сe 1.942 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 663, Битола – 250, Кавадарци – 151, Куманово – 106, Тетово – 82, Кичево – 64, Прилеп – 62, Велес – 61, Гевгелија – 51, Струмица – 50, Ресен – 45, Неготино – 43, Гостивар – 42, Охрид – 33, Струга – 27, Радовиш – 22, Штип – 21, Кочани – 20, Крушево – 19, Валандово и Свети Николе – по 18, Богданци – 16, Делчево и Крива Паланка – по 15, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 8, Берово – 6, Дојран и Демир Капија – по 5, Кратово – 4, Дебар, Виница и Пробиштип – по 3, Пехчево – 2, Демир Хисар – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 6 од Скопје (61, 72, 73, 75, 79 и 88) и по едно од Битола (69), Велес (68) Делчево (71), Демир Хисар (80), Крива Паланка (85), Неготино (65), Радовиш (78), Струга (64), Струмица (65) и Тетово (83). Од пријавените лица, 15 се починати во болнички услови, а едно во домашни услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ пријавени се дополнително 9 починати лица, и тоа од: Скопје (2), Охрид (2), Богданци (2), Свети Николе (1), Делчево (1) и Кочани (1). Починатите се на возраст од 47 до 92 години. Од пријавените лица, пет се починати во болнички услови и четири во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23.1.2021 до 5.2.2022 година.
Од вкупниот број починати лица (n=25), 7 се целосно вакцинирани, а кај 23 регистрирани се коморбидитети.
Направени се 4.939 теста преку: ИЈЗ – 526, ЦЈЗ Скопје – 88, ЦЈЗ Битола – 95, ЦЈЗ Прилеп – 52, ЦЈЗ Тетово – 7, ЦЈЗ Куманово – 115, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 1, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 2, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 4, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 133, „Авицена“ – 179, „Биотек“ – 314, „Систина“ – 140, лабораторија „Лаор“ – 115, „Синлаб“ – 39, „Ремедика“ – 22, „Плодност“ – 52, „Генеа“ – 25, „Никоб лаб“ – 480, „ВФВ медикал“ – 50, „Ели медика“ – 94, „Ројал медика“ – 34, „Спектра-ММ“ – 47, „Рапид лаб“ – 12, „Жан Митрев Струмица“ – 10, „Нова лаб дијагностика“ – 2, „Рамус“ – 39, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 2.261.
Досега во земјата се направени вкупно 1.826.611 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 280.594, бројот на оздравени пациенти е 259.898, на починати е 8.624, а бројот на активни случаи изнесува 12.072.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 128.809, Активни 6.859
Куманово 15.413, Активни 530
Битола 13.415, Активни 629
Прилеп 13.047, Активни 323
Тетово 12.815, Активни 388
Кавадарци 9.528, Активни 494
Гостивар 9.059, Активни 256
Велес 8.808, Активни 330
Охрид 8.209, Активни 278
Штип 7.684, Активни 157
Струмица 7.535, Активни 289
Кичево 5.106, Активни 146
Кочани 4.784, Активни 143
Струга 4.498, Активни 106
Гевгелија 3.954, Активни 165
Неготино 3.367, Активни 175
Свети Николе 2.520, Активни 80
Ресен 2.452, Активни 76
Радовиш 2.380, Активни 118
Крива Паланка 2.270, Активни 65
Делчево 1.839, Активни 67
Берово 1.662, Активни 12
Дебар 1.535, Активни 31
Валандово 1.458, Активни 99
Виница 1.321, Активни 31
Пробиштип 1.267, Активни 15
Богданци 949, Активни 71
Кратово 903, Активни 27
Крушево 845, Активни 12
Демир Хисар 792, Активни 27
Македонски Брод 661, Активни 25
Македонска Каменица 516, Активни 14
Демир Капија 509, Активни 17
Пехчево 441, Активни 10
Дојран 243, Активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

