Македонија
Изгоре погон за пакување на шеќер во гостиварско
Во голем пожар кој избувнал синоќа околу 1 часот целосно изгоре погон за пакување на шеќер „Гудаком“, која се наоѓа на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на гостиварското село Тунчевиште
Во голем пожар кој избувнал синоќа околу 1 часот целосно изгоре погон за пакување на шеќер „Гудаком“, која се наоѓа на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на гостиварското село Тунчевиште, соопштуваат од СВР Тетово.
Пожарот го забележал и го пријавил случаен минувач кој со својот автомобил се движел по автопатот.
Противпожарните служби излегле на терен и околу 2:30 часот, пожарот бил локализиран.
Увидната екипа која сè уште е на местото на пожарот, констатирале дека изгорел цел објект, односно 720 метри квадратни и останала само металната конструкција.
Според управителот на фирмата, педесет и двегодишен жител од селото Балиндол, во објектот имало две машини за пакување на шеќер, еден виљушкар и 20 кутии со хартиени ќеси, работно биро и компјутер кои се наоѓале во просторија која била пренаменета како канцеларија.
Дополнително ќе се утврдува вкупната материјална штета и причините поради кои настанал пожарот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

