Македонија
Притисок врз Народниот правобранител
Народниот правобранител при презентацијата на годишниот извештај за состојбите на човековите права во 2010. година, се пожали на притисок од страна на одредени институции.
Народниот правобранител при презентацијата на годишниот извештај за состојбите на човековите права во 2010. година, се пожали на притисок од страна на одредени институции. Дел од инстититуциите со неквалитетна и несуштинска соработка ја попречуваат работата на Народниот правобранител и со тоа вршат притисок врз оваа институција.
Минатата година имало случаи кога одредени институции цела година не одговориле на ниту едно од барањата на Народниот правобранител. Тој не сакаше да прецизира за кои институции се работи, единствено ги наведе Второстепените комисии на Владата, како и други институции кои од вкупно 886 барања од страна на Народниот правобранител за истражување за недискриминацијата, не одговориле на 170 барања.
И понатаму граѓаните најмногу се жалат на нееднаквиот пристап кон правдата, неефикасноста на јавната администрација, политичкото постапување, нехуманиот пристап во затворите, имотно-правните односи и потрошувачките права.
„2010. година се карактеризираше со поделби во општеството, што граѓаните ги доведуваше во нееднаква положба поради нивната различност, нееднаквиот пристап кон правдата, но и селективност при одлучувањето, нехумани услови во затворите, особено во затворот Идризово, случаи на мачење и нечовечко постапување, како и деградирачки услови и третман во психијатриските установи“, изјави Иџет Мемети, и додаде дека претставките до Народниот правобранител во 2010. година се зголемиле за 11 %, во однос на претходната година.
Извршителите исто така остануваат еден од главните проблеми за кои се жалат граѓаните. Неретко при извршувањето ги кршат човековите права.
„Не може на едно семејство кое прима социјална помош да му се блокира сметката. Банкарскиот систем надвор од законот за извршување врши блокирање на сметките на граѓаните“, изјави Мемети.
Народниот правобранител лани постапувал по 4.827 претставки, во 987 се констатирани повреди, при тоа во 791 претставка се прифатени интервенциите на Народниот правобранител.
Од вкупно 987 претставки, во 80% е постапено по интервенцијата на Народниот правобранител. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

