Македонија
ВМРО – НП: Бесрамни трошења на власта на сметка на граѓаните
Неодговорна политика на Владата со која на бесрамен начин се продолжува политиката на задолжување на Македонија. Владата нема право да ја задолжува државата на сметка на граѓаните.
Неодговорна политика на Владата со која на бесрамен начин се продолжува политиката на задолжување на Македонија. Владата нема право да ја задолжува државата на сметка на граѓаните.
Со ваков став излегоа од ВМРО – Народна партија во врска со информацијата на Владата дека ќе се повлечат 220 милиони евра од заемот на ММФ.
„Со овој чекор се покажува дека Владата овие средства ќе ги користи за покривање на трошоци кои во директна и индиректна смисла ќе бидат поврзани со предвремените избори. Ова може да предизвика прелевање на средства за трошоци по различни ставки, стимулација на инфлаторни раздвижувања, а ваквото трошење на средства економијата не може да го издржи“ изјави претседателот на ВМРО-НП, Марјан Додовски.
Од таму укажуваат дека доколку се продолжи со вакво темпо до крајот на 2011 година, бруто надворешниот долг на Македонија ќе изнесува 6 милијарди долари./крај//фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

