Македонија
Владата ќе купува уште 15 нови двокатни панорамски автобуси
Владата ќе набави уште 15 нови двокатни панорамски автобуси, по барање на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), кои ќе бидат наменети за панорамско разгледување на Скопје и Охрид.
Владата ќе набави уште 15 нови двокатни панорамски автобуси, по барање на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), кои ќе бидат наменети за панорамско разгледување на Скопје и Охрид.„На барање на ЈСП, помина точка на владата за да набави уште 15 нови двокатни панорамски автобуси. Од нив, освен за Скопје и за Охрид, неколку ќе сообраќаат и до жичарницата на Водно. Добиена е првична согласност, но треба да се објави тендер, па откако ќе се одбере фирмата која ќе ги произведува ќе се знае колку точно пари ќе бидат потребни за тоа. “ – вели директорот на ЈСП, Мишо Николов.Тој најави дека за една недела по улиците на Скопје ќе биде пуштен во сообраќај на линијата 15 првиот двокатен автобус кој пристигна од Кина, за кој веќе се завршува хомологацијата. Николов најави дека за една недела од Украина се чека да пристигнат нови 9 автобуси кои се комплетно готови, но, исто така во најскоро време се очекува да пристигнат и дополнителни шест автобуси чија изработката е при крај.Освен тоа директорот на ЈСП на денешниот брифинг информирање и дека налепниците на новите украински нископодни автобуси на кои пишуваше “Донација на влада на Република Македонија” од утрово се заменуваат со нови натписи “Да ги чуваме новите автобуси”. крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

