Македонија
?????? ?????????? ?? ????????? ????????? ???? ??? ?? ???

Правниот тим на Грција денеска пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе продолжи со изнесување на аргументите во рамки на првиот круг од усната расправа по тужбата на Македонија против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг
Според вчерашните искази, Грција посочува дека одлуката на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма година во однос на Македонија е усогласена позиција на сите земји-членки и поради тоа евентуалната одлука на судот во корист на Македонија ќе биде вон неговата јурисдикција. Целта на тужбеното барање е судот да утврди дека Грција на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма година го прекршила членот 11 од привремената спогодба од 1995 година, односно дека приговорила на членството на земјата во Алијансата под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Од судот, исто така, се бара на Грција да и наложи понатаму да не ја прекршува спогодбата.Вториот круг од усната расправа ќе се одржи следната недела. Се очекува конечната пресуда судот да ја донесе најдоцна наесен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.