Македонија
??????:????? ?? ?? ??????? ?? ???? ????? ????????? ??? ?? ?? ????????? ???????????
Со излагањето на професорот по Меѓународно право, Алан Пелет, продолжи претставувањето на грчките аргументи од првиот круг на усната расправа по тужбата на Македонија против Грција, пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Со излагањето на професорот по Меѓународно право, Алан Пелет, продолжи претставувањето на грчките аргументи од првиот круг на усната расправа по тужбата на Македонија против Грција, пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.Во своето излагање Пелет истакна дека Судот не може да заземе позиција за оние дела кои и се припишуваат на Грција без да го земе предвид ставот на другите земји – членки на НАТО. Според Пелет, Македонија се обидува да го ограничи опфатот на овој случај.„Многу е јасно дека не можете да одлучите дали одлуката на НАТО е последица на однесување кое може да и се припише на тужената страна (Грција) без да ги земете во предвид ставовите на организацијата“, вели Пелет.„Доколку Судот го прифати барањето на подносителот (Македонија) тоа би значело дека подносителот (Македонија) преку вашата пресуда ќе добие одобрение на неговата политика на свршен чин која ја води од 1993 година, односно политиката на подносителот (Македонија), постојано да ги блокира преговорите“, дополни Пелет. Тој додаде дека ова не е во рамките на Судот и неговиот интегритет. „Спротивно Судот треба да се воздржи од било какви дејствија кои би можеле да бидат пречка за решавање на ова прашање преку преговори“, рече Пелет. Професорот по меѓународно право, Џејмс Крафорд ја истакна важноста на заштитната клаузула од членот 11 став 2, втората клаузула за ставот 1 од членот 11.„Ова е заштитна клаузула од суштинска важност за да го ограничи договорот во кој влегла Грција, она што Грција ветила е да не се противи ограничено, со заштитната клаузула. Како го ограничува? Таа јасно кажува дека Грција го задржува своето право во случај доколку на подносителот му се обраќаат поинаку отколку што е предвидено со резолуцијата 817 во било која организација во која Грција е членка“ рече Крафорд. По него настапи повторно професорот Мајкл Рејсмен кој го образложуваше членот 22 од Времената спогодба. Во нивното излагање тие повторија дека НАТО не го разбира зборот вето, туку само зборот консензус.Според вчерашните искази, Грција посочува дека одлуката на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма година во однос на Македонија е усогласена позиција на сите земји-членки и поради тоа евентуалната одлука на судот во корист на Македонија ќе биде вон неговата јурисдикција. Целта на тужбеното барање е судот да утврди дека Грција на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма година го прекршила членот 11 од привремената спогодба од 1995 година, односно дека приговорила на членството на земјата во Алијансата под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Од судот, исто така, се бара на Грција да и наложи понатаму да не ја прекршува спогодбата.Вториот круг од усната расправа ќе се одржи следната недела. Се очекува конечната пресуда судот да ја донесе најдоцна наесен. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

