Македонија
?????: ?????????? ?? ????????? ? ??????? ?? ?? ????? ?????? ????? ?? ???? ? ??
„Продолжете со реформите и сигурен дека многу наскоро Македонија ќе го добие своето место во НАТО и ЕУ“, порача Министерот за европски прашања на Турција, Егемен Багиш,
„Продолжете со реформите и сигурен дека многу наскоро Македонија ќе го добие своето место во НАТО и ЕУ“, порача Министерот за европски прашања на Турција, Егемен Багиш, по денешната средба со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Васко Наумовски.На средбата двајцата колеги констатираа дека двете пријателски држави продолжуваат заеднички да работат на подобрување на меѓусебната соработка во политиката, во економијата и во однос на европската интеграција на двете држави.„Имајќи предвид дека Турција е држава која веќе ги има започнато преговорите за полноправно членство, заеднички се договоривме да ја продлабочиме соработката и во размената на искуствата што Турција ги има во досегашниот тек на преговарањата и во корист за нашиот иден преговарачки процес“ – рече НаумовскиМинистерот за европски прашања на Турција истакна дека на неговата земја и беа потребни 45 години само да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Досега има остварено 13 поглавја, а според Багиш останатите 20 поглавја не се лесни, бидејќи 17 од нив се политички блокирани од одлуки на Советот или од земјите членки.Според него, во интерес е не само на Европа, туку и на глобалниот мир, Македонија да се приклучи што поскоро кон НАТО, без оглед на фактот што двете влади преговараат за прашањето околу името. „Стабилноста на Македонија, просперитетот, демократијата, да се биде дел од вредностите кои што ги претставуваат НАТО и ЕУ се многу поважни за нивниот долгорочен интерес отколку вашиот долгорочен интерес“ – изјави БагешНаумовски истакна дека Македонија има за цел да најде решение за долгогодишниот спор, кое ќе биде прифатено од сите граѓани со референдумско решение.„Во текот на овие долги години се покажа дека се работи за едно исклучително комплексен проблем за кој што не е лесно да се најде решение. Верувам дека доколку двете страни искрено пристапат кон овој процес и во текот на 2011 година е можно да се направи напредок во овој однос“ – рече Наумовски. крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

