Македонија
???:?? ??????????? ?? ??????? ?? ????????-????????? ???????
Управата за јавни приходи(УЈП) како и претходно така и сега не помислува да влезе во партиско-политички дијалог, бидејќи тоа не е работа на даночната администрација.
Управата за јавни приходи(УЈП) како и претходно така и сега не помислува да влезе во партиско-политички дијалог, бидејќи тоа не е работа на даночната администрација.
Ова се вели во соопштението на УЈП упатено денеска до медиумите, како реакција на повиците на некои политички партии и јавни личности упатени на адреса на Управата.
„Раководени од принципот на ’владеење на правото’, сите треба еднаш засекогаш да сфатат дека во Македонија постојат закони со кои јасно се уредува работата на институциите, а со тоа и местото и улогата на Управата за јавни приходи“, се вели во реакцијата од УЈП. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

