Македонија
?? ?????? ?????? ?? ?????????
Полицијата заплени пет возила, од кои четири комбиња на фирмата Плус продукција, дел од судскиот случај „Пајажина“.
Полицијата заплени пет возила, од кои четири комбиња на фирмата Плус продукција, дел од судскиот случај „Пајажина“.
Полицијата постапува по наредба на Обвинителството и налог даден пред 20 дена. Налогот е за 16 возила, но полицијата не успеала да ги пронајде. Возилата се запленети како мерка за обезбедување имот додека се работи предметот „Пајажина“.
Возилата до правосилност на пресудата ќе останат во Агенцијата за конфискација на нелегално стекнат имот. Доколку има правосилна осудителна пресуда во тој случај возилата ќе бидат дадени на продажба.
И во текот на денешниот ден адвокатите од „Пајажина“ не го добија обвинителниот акт. Од судот биле известени дека немало хартија и тонер за да се фотокопира обвинението.
Обвинението и финансиското вештачење се на скоро 200 страници. Обвинителен акт немаат добиено ниту обвинетите кои се во истражниот затвор Шутка и во куќен притвор. Според законот предметот веќе треба да е доделен на судија, но и овој податок за адвокатите не е познат. /крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

