Македонија
??????? ?????? ??????????? ???????????? ?? ????? ?? ??????????? ?????

Претседателот на Нова демократија(НД) Имер Селмани денес упати писмо до Амбасадорите на САД и ЕУ во Македонија, со кое од нив побара да се вклучат како посредници во враќањето на суштинскиот политички дијалог во државата и излез од политичката криза
„Ниското ниво на одговорност на актуелната Влада кон нашите граѓани и кон меѓународната заедница за решавање на проблемите донесе тешка политичка, економска и социјална ситуација, која создава се поголемо незадоволство и револт во нашата земја. Денес, како никогаш досега, имаме девијација од евроатланскиот интегративен дискурс и на политиките за благосостојба на граѓаните на нашата земја. Оваа неодговорна политика на Владата ја изолира земјата и нашите граѓани се повеќе ја губат вербата и надежта за сигурна перспектива во оваа земја“, се вели во писмото.Од НД се убедени дека претставниците на САД и ЕУ во Македонија, со нивниот кредибилитет и искуство, ќе помогнат за креирање на законски предуслови и стандарди кои гарантираат фер и демократски избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Огромен интерес и внимание за македонската делегација на глобалниот самит во Баку“: Сиљановска и Божиновска во центарот на глобалните дискусии

Огромен интерес за македонската делегација на XII Global Baku Forum – присуството на македонската делегација, официјалните и неформалните средби на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и министерката Сања Божиновска со актуелни и поранешни светски лидери предизвикаа внимание од медиумите и меѓународните институции, известува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Претседателката и министерката учествуваат на престижниот меѓународен самит, каде што на истата маса со сегашни и поранешни државници, претставници на глобални институции и стратешки партнери разговараат за иднината на светскиот поредок.
Овој форум, под наслов ’Rethinking World Order: Turning Challenges into Opportunities‘, собира клучни лидери и експерти од различни сектори за да дискутираат за актуелните глобални предизвици и можности.
Учеството на овој форум е значајна прилика за Македонија да се позиционира како активен учесник во глобалните дискусии. Темите на дискусијата, од геополитика до енергетска безбедност и нови технологии.
„Имаме многу да понудиме и да научиме во контекст на енергетската соработка и иновациите. Заедно, ќе создадеме одговорни партнерства и ќе ја истакнеме улогата на средните сили во новиот мултиполарен свет“, истакна министерката Божиновска.
Во рамки на самитот, министерката Божиновска размени мислења со истакнати меѓународни лидери, вклучително и поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, како и Амир Досал, кој беше директор на Фондацијата за ОН.
Огромен интерес од страна на медиумите за македонската делегација, која ја предводи претседателката Силјановска-Давкова, е потврда за значењето на нашето учество на форумот. Разговорите со влијателни меѓународни актери отвораат нови можности за продлабочување на економските и енергетските врски на Македонија со светот.
XII Global Baku Forum е еден од најзначајните меѓународни настани, каде што се креираат глобални стратегии и партнерства. Фокусот на годинашниот форум е мултиполарниот свет, економските и геополитичките предизвици, како и иновативните решенија за иднината.
Македонија ја зацврстува својата позиција на глобалната сцена, се додава во соопштението на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.Јани Лукровски бр.1 (кај Б.П Мак Петрол), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јани Луковски, улицата 16-та Македонска Бригада, улицата Трифун Хаџијанев и улицата Лазар Поптрајков, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура до 27 степени

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
И во сабота ќе се задржи стабилно и топло време со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.