Македонија
????: ?? ?????? ?? ??????? ?????????? ??????? ???????? ???????

Според кој критериуми е избрана авторката на Александар, на т.н. Воин, на т.н. Коњаник и на Триумфалната порта за што се исплатени 2 милиони и 750 илјади евра?
Според кој критериуми е избрана авторката на Александар, на т.н. Воин, на т.н. Коњаник и на Триумфалната порта за што се исплатени 2 милиони и 750 илјади евра? Со парите земени од народот, Валентина Стевановска станува најбогатиот уметник во Македонија, а најверојатно и пошироко, во регионот.
Опозициската СДСМ реагира по извештај на Државниот завод за ревизија кој утврдил нетранспарентно и незаконито работење, склучување на договори во четири очи, неколкукратно зголемување на првичната вредност на авторските хонорари на авторите на Скопје 2014.
„Валентина, во чиј џеб завршија овие пари? Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата, го повикуваме Јавното обвинителство и сите надлежни институции сериозно да го изанализираат овој случај и да ги повикаат на одговорност сите виновници?“ изјави Ана Павловска Данева, потпретседател на СДСМ./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Скопје санкционирани 269 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 269 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 78, 26 санкции за возење без возачка дозвола, 19 за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 17 санкции за користење на мобилен телефон, девет мерки за возач почетник, осум за некористење сигурносен појас, шест за минување на затворен семафор (црвено светло), 37 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Земјите вакцинираат веќе трети месец, во Македонија само неколку здравствени работници

Со оваа динамика на лажење на министерот за здравство, Венко Филипче, едно е јасно – граѓаните тешко дека ќе видат вакцина наскоро, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„По кој пат лаже Венко Филипче за стартот на вакцининацијата ни самиот не знае. За последната недела од февруари, оваа изминатава, тој најави какви се не вакцини од Фајзер, кинески, од Ковакс механизмот… На ден до први март, сите земји вакцинираат трети месец, ама во Македонија се вакцинираа само неколкумина здравствени работници и тоа благодарение на донираната вакцина од Србија.
А треба да се вакцинираат сите медицински лица, треба да се вакцинираат повозрасните од 70 години, секако треба да се вакцинираат и оние со повеќе хронични болести…и кој се не. Секако треба да се вакцинираат и оние помладите кои имаат контакти поради работното место.
Во меѓувреме се погласно се зборува и за вакцинални корона пасоши, односно ќе можете да посетите некоја земја само ако имате примено вакцина.
Со оваа динамика на лажење на Филипче едно е јасно граѓаните тешко дека ќе видат или евентуално примат вакцина насокоро. И сето ова, оваа неспособност, оваа фокусираност на тендери и провизии чини жини животи. Затоа одговорност мора да има!“, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Македонија
Сончево и ветровито време со температура до 15 степени

Времето претплaдне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и преку денот времето ќе биде сончево и посвежо.
Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Денеска и во понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 7 до 10 степени. Утринските температури од понеделник на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер