Македонија
?.?.: ????? ??????????????? ?? ???????? ?? ??????? ?? ???????????

Постои хиперпродукција на студенти од областа на безбедноста кои по нивното дипломирање не се работно ангажирани во државните и приватните безбедносни институции и агенции со што се генерираат повеќе сериозни општествено – негативни последици, тврдат од Здружението „Форум за безбедност“.
Постои хиперпродукција на студенти од областа на безбедноста кои по нивното дипломирање не се работно ангажирани во државните и приватните безбедносни институции и агенции со што се генерираат повеќе сериозни општествено – негативни последици, тврдат од Здружението „Форум за безбедност“.„Ваквата ситуација оневозможува оптимализација на оној дел од националниот систем на едукација кој се однесува на безбедносно-образовната област, при што се деформира и самиот процес на остварување на мисијата и глобалната цел на едукативните проекции во областа на безбедноста“, вели Гоце Аризанковски, претседател на „Форум за безбедност“.Од Форумот за безбедност сметаат дека во кое и да е општество во светот, без вработување на лица со високо безбедносно и криминалистичко-криминолошко образование и обука, ќе отсуствува постигнувањето на оптимално ниво на стратешки ориентирана и долгорочно ефикасна заштита од различните облици на безбедносни загрозувања, меѓу кои и заштитата изразена преку постигнување на оптимално ниво на превенција и сузбивање на различните облици на криминалитет. „Недавањето приоритет на овие лица при вработувањето во безбедносните институции и агенции создава општествено негативни последици и од социјално-психолошки и општествено-развоен аспект“, велат оттаму./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЗНМ и ССНМ со остра осуда за нападите врз новинари на протестот за „Монструм“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро го осудува денешниот напад врз екипа на Медиумската информативна агенција (МИА) и новинар од весникот „Слободен печат“ кои известуваа за протестот поврзан за случајот „Монструм”.
Според кажувањата на колегите од МИА имало обид да им се одземе опремата и турканици, при што снимателот бил турнат, а неговата опрема оштетена.
„Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите не е дозволив во демократски земји. Неказнивоста на нападите и медиумските работници може да поттикне посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните. Затоа е важно што поскоро да се измени Кривичниот закон во насока на системска заштита на новинари и медиумските работници“, велат од ЗНМ.
Од ССНМ, пак, известуваат дека и новинар од дневниот весник „Слободен печат“ бил спречен да ги извршува своите задачи од страна на полициски службеници во цивилна облека кои го извлекле на страна, му ја свиткале раката, безобразно и дрско се однесувале кон него и не го пуштиле додека не го избрише снимениот материјал со изговор дека ги снимал полицајците во лице.
„ССНМ смета дека ваквото однесување на полициски службеници е недозволиво и бара остра и ефективна реакција во изнаоѓање и казнување на полицските службеници кои го оневозможиле новинарот на Слободен печат да си ја извршува својата работна задача“, се наведува во соопштението.
Истовремено, ССНМ бара од надлежните државни органи да ги пронајдат и казнат насилниците во врска со нападот врз екипата на МИА.
„ССНМ силно протестира против ваквите инциденти бидејќи напад врз новинарите и медиумските работници е напад и врз слободата на изразување и правото на информирање на граѓаните“, се наведува во соопштението.
Македонија
Филипче: 70 отсто од новите случаи се заразени со британскиот сој, викендов следува анализа на состојбата

Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека целокупниот здравствен систем и здравствените работници добро се справија со ковид-кризата. Тој нагласи дека јавното здравство веднаш се реорганизирало и ниту еден пациент не останал без потребната здравствена услуга. Во моментот, како што рече Филипче, сме во ситуација во која има лесно зголемување на бројот на заразени од коронавирусот, со што факторот Р0 се зголемува.
„Не можеме да бидеме сигурни дали тоа ќе биде тренд и ќе продолжи и понатаму или мини бран што се случува овие денови. Анализата на вирусот покажа дека 70 отсто од вкупно новодијагностицираните случаи се пациенти заразени со британскиот сој на вирусот. Викендов ќе се анализира ситуацијата во одредени градови, особено во Кавадарци, Прилеп и во Охрид. Врз основа на тие анализи, ќе видиме, ќе се препорачаат мерки“, рече министерот Филипче.
Тој информира дека потпишан е договорот за набавка на руската вакцина и секојдневно течат разговорите како за вакцините од компанијата „Фајзер“ така и за кинеските вакцини.
Во однос на вакцинацијата на здравствените работници, Филипче истакна дека завршена е имунизацијата на медицинскиот персонал од Скопје, кој работи со ковид-пациенти.
„Сега продолжува и од другите болнички институции во државата. Следуваат и лабораториите во кои се дијагностицира Ковид-19, ќе следуваат матичните лекари, дел од стоматолозите, со што ќе биде заокружен процесот од речиси 4.000 здравствени работници што работат со ковид-пациенти“, посочи Филипче.
Македонија
Регистрирани нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 258, Кавадарци – 51, Прилеп – 41, Куманово –25, Неготино – 22, Охрид – 18, Тетово – 16, Струга – 13, Гевгелија – 12, Битола – 11, Велес, Струмица и Крива Паланка – по 10, Штип – 8, Кичево -7, Гостивар и Валандово – по 6, Крушево и Богданци – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Делчево – 2, Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 210 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 90, Прилеп –25, Кавадарци – 19, Неготино и Тетово – по 8, Куманово и Штип – по 7, Гостивар и Делчево – по 6, Гевгелија – 5, Битола и Велес – по 4, Струмица, Крушево и Берово – по 3, Кочани, Свети Николе, Виница и Ресен – по 2, Охрид, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица – по 2 пациенти од Скопје (77, 70) и по еден пациент од Прилеп (72), Кавадарци (73), Охрид (71), Ресен (68) Валандово (66) и од Дојран (64). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Направени се 3.477 теста преку: ИЈЗ – 575, ЦЈЗ Скопје – 90, „Авицена“ – 358, „Биотек“ – 601, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 151, „Систина“ – 294, „Лаор“ – 241, МАНУ – 0, Судска медицина – 10, ЦЈЗ Битола – 80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, ГАК – 0, „Синлаб“ – 50, „Ремедика“ – 15, ИБЗД Козле – 12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 997, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 0, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 516.169 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер