Македонија
???????? ?????????? ?? ????????-???????????? ? ?????????? ???????
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски и министерот за образование и наука, Никола Тодоров денеска доделија 20 договори склучени со македонски компании, за развојно-истражувачки и иновациски проекти во функција на поттикнување на технолошкиот развој.
Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски и министерот за образование и наука, Никола Тодоров денеска доделија 20 договори склучени со македонски компании, за развојно-истражувачки и иновациски проекти во функција на поттикнување на технолошкиот развој.„Се работи за конкретна активност каде дел од средствата кои се на располагање за технолошки развој се доделуваат на компании кои имплементираат дел од научните достигнувања во своето секојдневно работење“, рече Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски. Тој додаде дека договорите претставуваат воспоставување на стратешко партнерство помеѓу Владата, бизнисот и компаниите и науката. Министерот за образование и наука, Никола Тодоров рече дека проектите се заеднички интерес и активност на субјектите на технолошкиот развој и научните истражувачките институции и научните работници. „Во овие проекти има комбинација на научни работници, професори од универзитетот и компании кои заедно работа на развивање на технолошкиот развој кој е насочен кон развивање на нови технологии, трансфер на знаења, развој на нови технологии, заштита на животната средина, овозможување на поголема вработеност итн“, рече Тодоров.Пешевски информираше дека Владата предложила да се формира нов Комитет за технолошки развој кој ќе биде владино тело, чија задача ќе биде да ги координира политиките во делот на научно технолошкиот развој на ниво на целата држава. „Со овој комитет ќе управува вицепремиерот за економски прашања, но негови членови ќе биде министрите за образование, економија, финансии, информатика и администрација, животна средина и земјоделие. Проценивме дека тие се клучните ресори каде треба да се изврши ваква координација. Ќе биде формиран и малку поголем буџет, се надевам неколкукратно поголем од оној што во овој момент стои на располагање во Буџетот на Р.Македонија, со цел стимулирање на проекти“, рече Пешевски и додаде дека проектите ќе бидат поделени во две групи, до 50 илјади евра и над 50 илјади евра./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

