Македонија
????????? ??? ?? ???????? ????????? ?? ?????? ?????? "???? ??????"
Светскиот ден на театарот денеска беше одбележан во новиот објект во изградба „Стар театар“ со свеченото читање на светската и македонската порака по повод празникот.
Светскиот ден на театарот денеска беше одбележан во новиот објект во изградба „Стар театар“ со свеченото читање на светската и македонската порака по повод празникот. „Чест е да го прославиме токму овде на местото каде што е нашиот сон на сите генерации актери, режисери, драматурзи, сон на Mакедонскиот народен театар, сон на целата театарска јавност. Од ова место да ги прочитаме и македонската и светската театарска порака“ – им се обрати на присутните гости меѓу кои и на Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска , Дејан Лилиќ директорот на Mакедонскиот народен театар. Голем аплауз на сцената на која беа прочитани пораките предизвика појавувањето на актерката Вера Вучкова која иако е во поодминати години пред присутните кажа неколку зборови. Таа во 1945 година ја изговорила првата реченица во стариот театар на првата македонска професионална претстава. „Направив еден мал чекор за театарот, но голем за нашиот народ за нашата нова држава, за артистите. Сонцето колку е блиску сонцето“, е репликата со која Вучкова го заврши својот настап на сцената.Присутните ги поздрави и министерката Канческа – Милевска која потенцира дека идејата и иницијативата прославата да се одржи во новиот објект „Стар театар“ била на актерите. „Наскоро зданието ќе биде новата сцена на која ќе можеме да ја видиме слободната енергија на македoнските уметници. Новото здание на театарот не е ветерница туку deus eks makina на сегашните и идни генерации на театарски творци. Оваа претстава во духот на Ателантите можеби е улична, но сепак следната ќе биде остварување на еден сон сонуван од многу генерации Македонци“, кажа Канческа – Милевска. крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

