Македонија
?????: ?????? ?????? ????????
Настапот на Грција пред Меѓународниот суд на правдата е кажување приказни базирани врз митови и неосновани факти, рече Филип Сендс, професор по право од Лондон, еден од застапниците на Македонија во Хаг.
Настапот на Грција пред Меѓународниот суд на правдата е кажување приказни базирани врз митови и неосновани факти, рече Филип Сендс, професор по право од Лондон, еден од застапниците на Македонија во Хаг. Со неговиот исказ денеска започна вториот круг од усната расправа по тужбата на Македонија против Грција пред судот. Сендс минатонеделниот настап на Грција во првиот круг од расправата го нарече неосновано и неконзистентно.„За да ја обојат оваа приказна, се послужија со неколку техники, игнорираа факти коишто не им помагаа во случајот, фабрикуваа нови факти, дадоа делумен приказ на она што се случи, погрешно цитираа односно претставуваа трети страни, отидоа во историјата толку далеку, до 4-от век пред нашата ера, факти и елементи кои воопшто немаат никаква релевантност за овој случај. Се обидуваат судот да го вовлечат во политички игри“, рече Сендс.Тој посочи дека Македонија има право самата себе да се нарекува со уставното име и тоа не претставува закана за никого, ниту доказ за иредентизам. „Велат дека оправдано е противењето со оглед на иредентистичката политика на подносителот (Македонија). Дадоа 27 примери за ова и велат дека ова е основата за нивното дејствување и дека тоа ja урива регионалната стабилност. Тоа се тврдења за коишто не беа дадени никакви докази во судот. Кои се тие докази за иредентизам? Кои се доказите според кои уставното име на подносителот е закана за регионалната стабилност? Не беа дадени никакви такви докази. Тоа се само тврдења што немаат заснованост во фактите, ниту пак се поддржани со изводи од трети страни“, рече Сендс. Предвидено е по финиширањето на денешниот настап на македонскиот тим, в среда вториот круг од усната расправа да биде заокружен со настапот на Грција. По ова судот ќе се повлече до изрекувањето на конечната пресуда. Целта на тужбеното барање е судот да утврди дека Грција на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма година го прекршила членот 11 од привремената спогодба од 1995 година, односно дека приговорила на членството на земјата во Алијансата под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Од судот, исто така, се бара на Грција да и наложи понатаму да не ја прекршува спогодбата. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

