Македонија
???????? ???????????? ??? ??????? ?????? 2 ??????? ?????? ?? „?????????“

Тетовската полиција ги откри разбојниците кои минатиот петок од компанијата „Еуро-табак“ успеаја да украдат 1.725.380 денари.
Тетовската полиција ги откри разбојниците кои минатиот петок од компанијата „Еуро-табак“ успеаја да украдат 1.725.380 денари. Против седумчлената група поднесени се кривични пријави за разбојништво и за помагање под сомнение дека извршиле грабеж во фирмата. Истражен судија од Гостивар им одреди 30 дневен притвор. Двајца од нив се во бегство.Меѓу пријавените е и еден од вработените кој го пријави инцидентот во полицијата. Според досегашните сознанија токму тој го организирал грабежот во кој беа вклучени уште три лица, информираат од МВР.Четворица од пријавените се осомничени како директни извршители на разбојништвото. Тие претходно се договориле да набават се што е потребно за да можат да го украдат дневниот промет од „Еуротабак“. Меѓу нив е и вработениот кој ја алармираше полицијата за настанот. Тој останал на работното место, најверојатно за никој да не се посомнева во него дека е дел од групата.Останатите тројца се пријавени дека подоцна на различни начини им помагале на крадците да ги сокријат украдените пари и предметите што ги користеле при грабежот.Пронајдени се и дел од парите. Полицијата пронашла околу милион денари. Биле скриени во гардеробата и апаратите за домаќинство на осомничените./крај/со/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Бугарија дозволи итна екстрадиција на Игор Спасов во Македонија

Бугарските органи позитивно одговорија на барањето за екстрадиција на поранешниот специјалец Игор Спасов кој е осуден за убиството на Мартин Нешкоски.
„По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26.02.2021 Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата“, соопшти Министерството.
Барањето за екстрадиција беше испратено на 10 февруари.
Бугарската полиција на 1 февруари го приведе Спасов во Софија откако по него беше распишана меѓународна потерница пред повеќе од една година.
Тој е осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешковски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година.
Казната затвор ја издржува од 2011 година, а му беше ставена во прекин во 2018 година поради здравствени проблеми. Потоа, тој избега. Спасов требаше да се јави во затворот „Идризово“ на 18 октомври 2019 година. Спасов се бараше на територија на државата, но откако истражните органи не го пронајдоа и немаа никаква дојава за него, на крајот на октомври 2019 година МВР распиша меѓународна потерница по него.
По неговото бегство, кружеа шпекулации дека тој е во Турција, но и дека во акцијата се вмешани полициски службеници. Јавното обвинителство во Штип во 2019 отвори и истрага за да утврди кој сè е вмешан, но и како Спасов успеал да ја напушти државата.
Македонија
Маричиќ потпиша правилник за зголемување на платите на судската полиција

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во присуство на претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција.
Со ова, велат од Министерството, се решава долгогодишниот проблем на овие службеници кои бараа зголемување на платите, а потпишувањето на правилникот е резултат на повеќе месечните преговори.
Со него се предвидува процентуално зголемување на платата во зависност од тоа во кој суд работат службениците. Зголемувањата изнесуваат од 8% до18%. Најголемо зголемување добиваат Основниот кривичен и Основниот граѓански суд во Скопје.
Македонија
Шекеринска најавува гасификација на касарните и поголема енергетска ефикасност

Сите реновирања на армиските објекти ги вршиме со посебно внимание за зголемување на енергетската ефикасност, напиша на социјалните мрежи министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Сите реновирања на армиските објекти ги вршиме со посебно внимание за зголемување на енергетската ефикасност….
Posted by Radmila Sekerinska on Петок, 05 март 2021
„Реконструкциите на објектите на командата на SEEBRIG во Куманово, објектите на ренџерите и гардата во касарната ‘Илинден’ ги работевме со издвоени 20 % од цената за чинење наменети за енергетска ефикасност. На истиот начин ќе ги реновираме и објектите на воената полиција во ‘Илинден’ и уште два објекта во касарната во Штип“, наведува министерката во објавата.
Таа додава и дека годинава почнува проектот за гасификација на касарните во Петровец и Куманово, кои се загревале на мазут и нафта.
„Решени сме да дадеме најголем можен придонес во намалувањето на загадувањето, користењето на чистата енергија и во заштитата на животната средина“, посочува Шекеринска.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“