Македонија
?????????? ???????? ?? ??????????? ?? ?? ???????? ?? ????????? ?? ????????
Претставниците на бизнис заедницата побараа итно усогласување на наставната програма на високообразовните институции со реалната ситуација и потребите на пазарот на трудот.
Претставниците на бизнис заедницата побараа итно усогласување на наставната програма на високообразовните институции со реалната ситуација и потребите на пазарот на трудот.„Во значајна мерка треба да посветиме внимание на она што универзитетите кај своите ученици го произведуваат како квалитет на знаењата. Веќе подолго време во Македонија промената на наставните програми оди многу споро, и не е во складот на она што се барањата на реалниот свет“, рече Антони Пешев од Стопанската комора на Македонија додавајќи дека компаниите се наоѓаат на повисоко ниво од нивото кое излегува од образовните институции. Тој се пожали дека компаниите мора да инвестираат многу додека еден млад човек кој поминал четири години во некоја високо образовна институција може да биде употреблив во рамките на производството што според него е грешка на неусогласените програми низ кои поминува студентот.Претседателот на Сојузот на стопански комори, Златко Калеников рече дека било какви реформи во образовниот систем се бескорисни се додека политичарите од позицијата и опозицијата не направат консензус по економски прашања и не создадат програма за економски раст на Република Македонија.„Без економски раст, ние можеме колку сакаме да го реформираме образованието и стручноста на кадрите кои ќе излегуваат, тоа ќе биде џабе доколку нема кај да се вработат. Министерот треба да влијае како дел од оваа Влада на тие седници на Влада да не се дозволи нарушување на пазарот на Македонија и да се направи програма за економски раст на Република Македонија“, рече Калеников и додаде дека треба да се постигне и интерактивност на бизнис секторот со факултетите и министерството за образование.„Има факултети од кои воопшто не ги погледнуваме CV-ата, јас нема да кажам денеска кои се тие факултети, но ние како бизнис сектор трошиме многу пари, конкретно во мојот сектор јас трошам од 40 и 80 илјади евра за едукација на кадрите кои ги вработувам. Кој е мојот интерес тука?“, рече тој. Исто така порача и на факултетите да се примаат студенти на факултетите во зависност од потребите на бизнис секторот.Министерот за образование и наука, Никола Тодоров рече дека е потребно многу акумулирано знаење кај граѓаните за да се постигне технолошки базиран економски раст. „Апелирам до универзитетите да го спроведат она што како политика заедно го утврдивме, да почнат да организираат практична настава за сите студенти од прва година, да почнат клиничка настава и да викаат истакнати стручњаци од праксата кои ќе држат предавања на нивните универзитети“, рече Тодоров.Министерот за образование и наука се сретна со претставници од стопанските комори и со претставници од универзитетите на тркалезна маса „Трансфер на знаење – универзитет – бизнис – универзитет“. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

