Македонија
???? ?? ???????? ????? ??????? ?? ???????

Седницата на Судскиот совет (СС) пред десетина минути е прекината бидејќи на еден од членовите му се слоши.
Седницата на Судскиот совет (СС) пред десетина минути е прекината бидејќи на еден од членовите му се слоши.Членот на СС, Неџад Ајро, на самиот почеток на седницата се пожали дека не се чувствува добро и побара десет минутна пауза.Колегите му помогнаа да замине во неговата канцеларија, каде по кратко време беше констатирано дека состојбата му се влошила.Беше побарана лекарска помош и Ајро е пренесен со возило на Брза помош во некоја од скопските здравствени установи. Останатите членови на СС беа видно вознемирени за здравствената состојба на Ајро, затоа што и друг пат тој се жалел на проблеми со срцето. На седницата СС требаше да се избираат нови судии за Врховен суд, за апелација, за повеќе судови во државата.Седницата е презакажана за утре./ крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вандали го уништиле натписот „Битола“, еден од омилените симболи во градот

Во Битола утрово е забележан нов вандалски чин, односно уништен е натписот „Битола“, кој за кратко време стана препознатлив за градот, информираат локалните власти.
„Овој натпис се најде на илјадници фотографии и беше едно од омилените места за граѓаните и посетителите, но вандалски е уништен. Искршени се дел од буквите, оштетени се рефлекторите и металната конструкција“, се наведува во соопштенито во кое се додава дека во моментов се врши увид на терен, по што ќе се преземат соодветни мерки за санација.
Пред само неколку денови општинските власти во Битола испратија апел до граѓаните да не ги уништуваат јавните добра, откако масовно беше регистрирано уништување на автобуските стојалишта, а претходно и терминал на ЈП „Паркинзи“.
„Жално е што ваквите вандалски појави на уништувања на симболите, коишто се дел од нашата култура на живеење, сè повеќе зачестуваат“, се вели во соопштението.
Македонија
Вакцинацијата на здравствените работници ќе заврши најмногу за две недели, најави Филипче

Исклучително е висок процентот на здравствени работици коишто покажаа интерес да се вакцинираат, оцени министерот за здравство Венко Филипче.
Како што најави, во следниот период, не повеќе од 10 до 14 дена, ќе биде завршен процесот на имунизација на сите здравствени работници, близу 4.000 коишто работат со ковид-пациенти.
„Задоволни сме и од одзивот и од тоа како се спроведува вакцинацијата“, истакна Филипче.
Министерот изјави дека околу 180 илјади граѓани се регистрирани во системот „Мој термин“ со возраст над 70 години и хронични болести.
„Од нив, 50-тина илјади се веќе пријавени преку веб-страницата Vakcinacija.mk или преку матичните лекари за вакцинација, меѓутоа ние имаме и дополнителни механизми коишто ќе ги активираме да се повикаат. Тоа е нешто на што и сега тимот кој е задолжен активно работи“, истакна Филипче.
Посочи дека утрово директорот на Стопанска банка на средбата по повод донацијата му посочил дека интересот во Грција на здравствените работници е многу мал, околу 25%.
„Сметам дека интересот на нашите лекари и медицински сестри е одличен сигнал за целокупното население тие да се вакцинираат. Дополнително, ние планираме и кампањи, повици преку матичните лекари. Искрено верувам дека исто како што тоа го направивме кога беше епидемијата со морбили, ќе го направиме и сега“ – потенцираше министерот.
Македонија
Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје Зоо

Од овој викенд, службите на Инспекторатот на Град Скопје ќе ги казнуваат несовесните посетители кои ќе хранат и вознемируваат животни во Скопје Зоо. Санкционирани ќе бидат и оние кои ќе фрлаат отпадоци во живеалиштата на животните и по патеките.
Под мотото „Подарете љубов, а не храна“ зоолошката градина ја почнува кампањата за заштита и благосостојба на животните.
„Низ годините многу несовесни посетители фрлаат храна која е несоодветна и штетна за нив и покрај таблите со кодекс на однесување кои се поставени на влезот и низ градината, каде јасно е истакнато сè она што е забрането“, велат од Скопје Зоо.
Строго забрането е хранење и допирање на животните, какво било вознемирување на животните и фрлање предмети и отпадоци во нивните живеалишта, тропање по оградите и стаклата, прекачување преку огради и влез во забранети зони.
Животните имаат свои таблички за исхрана и секоја храна надвор од тоа е штетна за нив.
„Имаме животни дијабетичари кои не смеат да јадат банана, портокал и јаболко или, пак, голем дел животни за кои зелката е најштетна. Доколку посетителите сакаат интеракција и хранење животни, за тоа постои делот Бејби Зоо, каде под надзор на вработени секој посетител добива пакетче храна за животните и може да ги погали и одблизу да се запознае со процесот на чување миленик“, наведуваат од зоолошката градина.
Оттука ги потсетуваат сите кои сакаат да хранат животни, дека на улиците има многу бездомни кучиња и мачиња, како и птици кои се гладни, па доколку ги нахранат со соодветна храна ќе направат хумано дело.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер