Македонија
??????????????? ????? ?? ???? ?? ?????? ?? ????????
Фундаменталниот ислам не може да остави никакви последици на Балканот, бидејќи исламската култура е длабоко вкоренета кај локалното население со муслиманска вероисповест
Вакво мислење денеска во Скопје изнесоа високи верски поглавари, кои учествуваат на Петта средба на лидерите на исламските верски заедници на Балканот. Поглаварот на Исламската верска заедница на Косово, Наим Трнава, рече дека исламот на Балканот не е туѓ идентитет, туку е автохтон идентитет на просторот и како таков треба да се респектира.„Исламот е една чиста религија и нема ништо заедничко ниту со тероризмот, ниту со фундаментализмот и било каков терористички акт кој некои наводно во име на исламот го вршат, нема никаква врска со основите на верувањето“, рече Трнава. Тој потсети дека согласно исламското учење, да убиеш еден невин човек е како да си го убил целото човештво.„Воопшто не се плашиме од фундаментализмот. Исламот овде е присутен многу години и ние сме подготвени со заедничка соработка секое ново настојување или навлегување на фундаментализмот на овие простори да го стопираме“, рече Трнава.Слично размислување изнесе и Неџат Грабус, муфтија во Словенија, кој смета дека настаните околу распадот на поранешната Југославија и стариот систем, отвориле простор за појава на одреден вид на фундаментализам.„Не снаоѓање на самите држави по распадот на Југославија во делувањето на верските заедници, придонесе до тоа верските заедници да бидат несигурни сами по себе како да го организираат своето делување и во таа смисла се и процесите кои се појавија во поинаква примена на исламот“, рече Грабус.Тој изрази уверување дека таквите појави ќе поминат како олујно невреме и дека нема да остават долготрајни последици.Сметам дека исламот толку длабоко е вкоренет на балканот и овие предизвици со кои сега се соочуваме ќе поминат како еден силен дожд, но долгорочно не може да остават некакви последици, бидејќи на Балканот живеат автохтони муслимани, исламската култура е многу развиена и постои хиерархија на исламската заедница“, рече Грабус.Тежина на настанот му даде и македонскиот премиер Никола Груевски кој денеска организираше свечен ручек за учесниците на Петта средба на лидерите на исламските верски заедници на Балканот. Како што соопшти неговиот кабинет, Груевски укажал дека на просторот на Балканот се преплетуваат многу вредности, дека тука отсекогаш заеднички живеат луѓе од разни нации и религии и дека претставува регион со многу емоции, многу енергија и многу љубов. Токму тие карактеристики, ја прават компаративната предност на Балканот и во тоа светло треба да се гледа таа вредносна полиномија која треба да се искористи во функција на сеопштиот напредок ,истакнал Груевски. Премиерот Груевски посочил и дека христијанството и исламот не учат дека треба да веруваме, да се почитуваме, да помагаме, да соработуваме, да го поддржуваме семејството, ближниот свој, но и својот сосед и сограѓанин, да даваме љубов и да работиме за остварување на заедничкиот успех. На ручекот присуствуваа поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, претседателот на Дијанетот на Исламската заедница на Република Турција, д-р Мехмед Гормез, како и верските лидери на исламските верски заедници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Романија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Нема толеранција за узурпација: Скопје почна голема акција за расчистување на јавниот простор
Град Скопје започна сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.
Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, акцијата се спроведува без никакви отстапки и со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.
„Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочува дека тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на лични интереси и дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на граѓаните.
Според градоначалникот, акцијата ќе продолжи со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.
Воедно, тој ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор, со цел да се изгради град во кој владеат ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.
Македонија
Мицкоски најави две нови странски инвестиции од 80 милиони евра
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.
„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди“, изјави Мицкоски.
Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.
„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија“, објасни премиерот.

